Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Библијата — која е нејзината порака?

 ДЕЛ 2

Рајот е изгубен

Рајот е изгубен

Еден бунтовен ангел ги наведува првите луѓе, Адам и Ева, да го отфрлат Бог како Владетел. Поради тоа, луѓето стануваат грешни и почнуваат да умираат

ДОЛГО пред да ги создаде луѓето, Бог создал многу невидливи духовни суштества, односно ангели. Еден од нив се побунил против Бог и бил наречен Сатана Ѓаволот. Тој лукаво ја наговорил Ева да јаде од плодот на дрвото во еденската градина од кое Бог им забранил да јадат.

Зборувајќи преку една змија, Сатана ја навел Ева да мисли дека Бог им скратува нешто добро нејзе и на нејзиниот маж. Овој ангел ѝ рекол дека ниту таа ниту Адам нема да умрат ако јадат од забранетиот плод. Со тоа Сатана го обвинил Бог дека ги излажал своите деца на Земјата. Тој ја прикажал непослушноста кон Бог во позитивно светло, како нешто што ќе им ги отвори очите и ќе им донесе слобода. Но, тоа било чиста лага — првата лага која била изговорена на Земјата. Така Сатана, всушност, го покренал прашањето дали Бог има право да биде Севишен Владетел и дали владее праведно и во најдобар интерес на своите поданици.

Ева поверувала во лагата на Сатана. Плодот почнал да ѝ станува сѐ попримамлив, и на крајот јадела од него. Подоцна му дала и на својот маж, па и тој јадел. Така станале грешници. Она што го направиле било навидум мала работа, но, всушност, претставувало побуна. Со тоа што намерно ја прекршиле Божјата заповед, Адам и Ева го отфрлиле Творецот како свој Владетел, иако тој им дал сѐ, дури и совршен живот.

Потомството „ќе ти ја смачка главата, а ти ќе го раниш во петицата“ (1. Мојсеева 3:15)

Бог ги повикал на одговорност овие бунтовници. Сепак, прорекол и дека ќе дојде едно Потомство, односно Избавител. Еден ден, тој Избавител требало да го уништи Сатана, кој зборувал преку змијата. Бог го одложил извршувањето на смртната казна над Адам и Ева, и на тој начин покажал милост кон нивните сѐ уште неродени потомци. Тие потомци имале причина да се надеваат на посветла иднина затоа што Бог решил да испрати една личност која ќе ги отстрани трагичните последици од побуната во еденската градина. Но, како ќе се исполни Божјата намера во врска со овој иден Избавител, и кој ќе биде тој? Ова постепено било откривано во текот на пишувањето на Библијата.

Бог ги истерал Адам и Ева од рајот. За да преживеат надвор од еденската градина, морале со мака да ја обработуваат земјата. Потоа Ева забременила и го родила Каин, нивното прво дете. Тие имале и други синови и ќерки, а меѓу нив биле Авел и Сет. Сет му бил прататко на Ное.

Се темели на 1. Мојсеева, поглавја 3—5, и Откровение 12:9.

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Каква е Божјата намера со Земјата?

Библијата објаснува зошто Бог ја создал Земјата, кога ќе престанат страдањата и каква иднина ги чека Земјата и оние што ќе живеат на неа.