Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Библијата — која е нејзината порака?

 ДЕЛ 19

Пророштвото на Исус за светските настани

Пророштвото на Исус за светските настани

Исус претскажува настани по кои ќе се види дека почнал да владее како Цар на небото и дека се ближи крајот на овој поредок

НА Маслинската Гора, од која се пружал прекрасен поглед на Ерусалим и на храмот, четворица апостоли го замолиле Исус да им објасни нешто. Само кратко пред тоа, тој рекол дека храмот во Ерусалим ќе биде разурнат. А во една друга прилика им зборувал за „свршетокот на овој поредок“ (Матеј 13:40, 49). Затоа, апостолите го прашале: „Кој ќе биде знакот на твојата присутност и на свршетокот на овој поредок?“ (Матеј 24:3).

Исус им одговорил на прашањето кажувајќи им што ќе се случува пред да биде уништен Ерусалим. Но, неговите зборови не се однесувале само на тоа време. Всушност, во далечната иднина, ова негово пророштво требало да се исполни во многу поголеми размери. Исус претскажал низа настани и околности кои ќе се случуваат во целиот свет. Сето тоа требало да го сочинува знакот по кој луѓето на Земјата ќе можат да препознаат дека тој почнал да владее како небесен Цар. Со други зборови, овој знак требало да покаже дека Јехова Бог го поставил Исус за Цар на долгоочекуваното месијанско Царство и дека е близу времето кога тоа Царство ќе го отстрани сето зло и ќе воспостави вистински мир на Земјата. Значи, настаните што ги прорекол Исус требало да покажат дека настапиле последните денови на стариот свет, односно на денешниот верски, политички и општествен поредок, и дека на повидок е еден нов свет.

Исус објаснил дека почетокот на неговото небесно царување ќе биде одбележан со војни од светски размери, глад, големи земјотреси и разни болести. Беззаконието ќе порасне. Вистинските ученици на Исус ќе ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство низ целиот свет. Сето ова ќе заврши со една „голема неволја“ каква што немало никогаш порано (Матеј 24:21).

Како ќе знаат следбениците на Исус дека таа неволја е близу? Тој рекол: „Учете од споредбата со смоквата“ (Матеј 24:32). Кога смоквата ќе пушти лисја, тоа е видлив знак дека летото е близу. И кога во одреден период ќе почне да се случува сето она што го прорекол Исус, тоа ќе значи дека крајот е близу. Тој рекол дека никој освен Таткото не го знае точниот ден и час кога ќе започне големата неволја. Затоа им го дал следниов совет на своите ученици: „Бидете будни, бидејќи не знаете кога е времето да се случи тоа“ (Марко 13:33).

Се темели на Матеј, поглавја 24 и 25, Марко, поглавје 13, и Лука, поглавје 21.

^ пас. 14 Нешто повеќе за ова пророштво на Исус можете да прочитате во 9. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата? Оваа публикација е издадена од Јеховините сведоци.

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Дали живееме во „последните денови“?

Дознај зошто постапките и ставовите на луѓето околу нас се доказ дека сега живееме во „последните денови“ кои се проречени во Библијата.