Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Библијата — која е нејзината порака?

 ДЕЛ 20

Погубувањето на Исус Христос

Погубувањето на Исус Христос

Исус воспоставува нова прослава. Тој е предаден и прикован на столб

ПО ТРИ и пол години проповедање и поучување, Исус знаел дека се ближи крајот на неговиот живот на Земјата. Еврејските верски водачи ковале заговор да го убијат, но се плашеле дека луѓето ќе се побунат бидејќи го сметале за пророк. Во меѓувреме, под влијание на Сатана, Јуда Искариот, кој бил еден од 12-те апостоли, го предал Исус. За таа услуга, верските водачи му понудиле 30 сребреници.

Последната вечер од својот живот на Земјата, Исус и апостолите се собрале за да ја прослават Пасхата. Откако го отпуштил Јуда, Исус воспоставил нова прослава, наречена Господарова вечера. Зел леб, се помолил и им го разделил на 11-те апостоли, велејќи: „Ова го претставува моето тело, кое ќе се даде за вас. Правете го ова за мој спомен!“ Истото го направил и со чашата вино, велејќи: „Оваа чаша го претставува новиот сојуз на темел на мојата крв“ (Лука 22:19, 20).

Таа ноќ Исус имал да им каже многу работи на своите апостоли. Им дал нова заповед несебично да се сакаат еден со друг и им рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:34, 35). Ги охрабрил да не се вознемируваат премногу поради потресните настани што требало да се случат и сесрдно се помолил за нив. Сите заедно му отпеале фалбени песни на Јехова и отишле во градината Гетсиманија.

Таму, Исус паднал на колена и горливо му се молел на Бог. Набрзо пристигнале вооружени војници, свештеници и други луѓе со цел да го уапсат. Меѓу нив бил и Јуда. Тој им го покажал Исус така што му пристапил и го бакнал. Додека војниците го врзувале Исус, апостолите се разбегале.

Пред еврејскиот врховен суд, Исус јасно кажал дека е Божји Син. Судот заклучил дека е виновен за богохулење и дека заслужува смрт. Потоа го одвеле кај римскиот управител Понтиј Пилат. Иако увидел дека Исус е невин, тој сепак им го предал на толпата луѓе кои барале да биде убиен.

Исус бил одведен на Голгота, каде што римските војници го приковале на столб. Иако било пладне, одеднаш со чудо се спуштил мрак. Кога подоцна тоа попладне Исус умрел, настанал силен земјотрес. Неговото тело било положено во гроб кој бил издлабен во карпа. Следниот ден, свештениците го запечатиле гробот и поставиле стражари на влезот. Дали Исус останал во гробот? Не. Се случило најголемото од сите чуда!

Се темели на Матеј, поглавја 26 и 27, Марко, поглавја 14 и 15, Лука, поглавја 22 и 23, и Јован поглавја 12—19.

^ пас. 15 Нешто повеќе за откупната вредност на Исусовата жртва можете да прочитате во 5. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?