Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Библијата — која е нејзината порака?

 ДЕЛ 18

Исус прави чуда

Исус прави чуда

Со чудата што ги прави, Исус покажува како ќе ја користи својата моќ кога ќе биде Цар

БОГ му дал моќ на Исус да прави работи што другите луѓе не можеле да ги прават. Исус направил многу чуда, честопати и пред огромен број сведоци. Тие чуда покажале дека Исус има моќ над своите непријатели и дека може да ги совлада препреките кои несовршените луѓе никогаш не можеле во потполност да ги надминат. Да разгледаме неколку примери.

Глад. Со првото чудо, Исус ја претворил водата во одлично вино. Во две други прилики, само со неколку леба и риби нахранил илјадници гладни луѓе. И во двата случаи имало повеќе од доволно храна за сите.

Болести. Исус ги лекувал луѓето од „секаква болест и секаква немоќ“ (Матеј 4:23). Лечел слепи, глуви, лепрозни, епилептичари, куци и сакати. Немало болест што не можел да ја излекува.

Временски непогоди. Додека Исус и неговите ученици со чамец го преминувале Галилејското Море, неочекувано се кренала голема бура. Учениците се преплашиле. Но, Исус ѝ се заканил на бурата, велејќи: „Смири се! Молкни!“ И одеднаш завладеала потполна тишина (Марко 4:37-39). Во една друга прилика одел по водата додека беснеело страшно невреме (Матеј 14:24-33).

Зли духови. Злите духови се многу посилни од луѓето. Мнозина безуспешно се обидувале да се ослободат од тие злобни непријатели на Бог. Но, кога Исус им заповедал на таквите духови да излезат од луѓето, тие ја губеле власта над своите жртви. Тој не се плашел од нив. Напротив, тие се плашеле од него бидејќи знаеле колкава власт и моќ има.

Смрт. Смртта со право е наречена „последен непријател“ на кој не може да му побегне ниту еден човек (1. Коринќаните 15:26). Меѓутоа, Исус воскреснувал мртви. На пример, го воскреснал синот на една вдовица и го вратил во живот девојчето на едни ужалени родители. Но, највпечатливо било воскресението на Лазар. Пред едно мноштво ожалостени луѓе, Исус го вратил во живот својот драг пријател кој бил мртов речиси четири дена! Дури и најголемите непријатели на Исус признале дека го направил тоа чудо (Јован 11:38-48; 12:9-11).

Зошто Исус ги правел овие чуда? Зарем на крајот сите тие луѓе на кои им помогнал не морале повторно да умрат? Да, умреле, но од чудата на Исус има трајна корист. Тие се доказ дека со право можеме да се надеваме на исполнување на сите прекрасни пророштва за владеењето на Месијата. Нема никаква причина да се сомневаме дека овој Цар поставен од Бог може да им стави крај на гладот, болестите, временските непогоди, злите духови, па дури и на смртта. Тој веќе покажал дека Бог му дал моќ да го направи сето тоа.

Се темели на Матеј, Марко, Лука и Јован.

Нешто повеќе

Приближи му се на Јехова

‚Христос е Божја сила‘

Што дознаваме за Јехова од чудата и поуките на Исус Христос?