Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Кој ја врши Јеховината волја денес?

 ПОГЛАВЈЕ 15

Што прават старешините за собранието?

Што прават старешините за собранието?

Финска

Поучување

Грижа за поединците

Сведочење

Во нашата организација нема платено свештенство. Напротив, исто како кога било основано христијанското собрание, поставени се надгледници, односно старешини ‚да го пасат Божјето собрание‘ (Дела 20:28). Овие старешини се духовно зрели мажи кои предводат во собранието и се грижат за него, „не со сила, туку доброволно; не поради нечесна добивка, туку горливо“ (1. Петрово 5:1-3). Што прават тие за нас?

Се грижат за нас и нѐ штитат. Старешините му даваат на собранието совети темелени на Библијата и го штитат во духовен поглед. Свесни дека Бог им ја доверил оваа важна одговорност, старешините не се поставуваат над Божјиот народ, туку се трудат да ни биде добро и да бидеме радосни (2. Коринќаните 1:24). Како што еден пастир внимателно се грижи за секоја своја овца, така и старешините се трудат да го запознаат секој член на собранието (Изреки 27:23).

Нѐ поучуваат како да ја вршиме Божјата волја. Секоја седмица, старешините предводат во поучувањето на собраниските состаноци за да ја зајакнат нашата вера (Дела 15:32). Овие верни мажи предводат и во проповедањето, соработувајќи со нас и обучувајќи нѐ за секоја гранка на службата.

Нѐ охрабруваат како поединци. За да му помогнат на секој од нас да си го зајакне односот со Јехова, старешините од нашето собрание може да дојдат кај нас дома или да поразговараат со нас во салата за да ни дадат помош и утеха од Библијата (Јаков 5:14, 15).

Освен она што го прават за собранието, повеќето старешини се и вработени и имаат семејни обврски на кои треба да им посветат време и внимание. Овие трудољубиви браќа ја заслужуваат нашата почит (1. Солуњаните 5:12, 13).

  • Какви одговорности имаат собраниските старешини?

  • Како старешините покажуваат дека се грижат за нас како поединци?

Нешто повеќе

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Како се организирани собранијата на Јеховините сведоци?

Дознај како добиваме водство и поуки на организиран начин.

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Крштавањето и твојот однос со Бог

Кои чекори водат до христијанско крштавање? Дознај што симболизира тоа и како треба да се извршува.