Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Кој ја врши Јеховината волја денес?

 ПОГЛАВЈЕ 27

Како ни користи собраниската библиотека?

Како ни користи собраниската библиотека?

Израел

Чешка

Бенин

Кајмански Острови

Сакаш ли да истражуваш за да си го зголемиш библиското знаење? Би сакал ли да дознаеш повеќе за некој конкретен стих, лик, место или нешто друго што е спомнато во Библијата? Си размислувал ли дали Божјата Реч може да ти помогне во врска со некој личен проблем? Тогаш, користи ја собраниската библиотека.

Содржи многу публикации што ни помагаат да истражуваме. Веројатно ги немаш сите библиски публикации на Јеховините сведоци што ги има на твојот јазик. Но, во собраниската библиотека ги има повеќето публикации. Во неа може да има и разни преводи на Библијата, добар речник и други книги. Слободно користи ја библиотеката пред и по состаноците. Ако во Салата има и компјутер, би можел да ја користиш Библиотеката со публикации на Јеховините сведоци. Тоа е компјутерска програма која содржи многу наши публикации и има опции што овозможуваат лесно да се пребарува на некоја тема, збор или стих.

Им користи на учесниците на состанокот Нашиот живот и служба. Собраниската библиотека може да ти биде од голема помош кога ја подготвуваш својата задача. Надгледникот на овој состанок е одговорен за библиотеката. Тој треба да се погрижи во неа да бидат ставени најновите публикации и да биде добро организирана. Тој или оној со кого проучуваш можат да ти покажат како да ги бараш информациите што ти требаат. Меѓутоа, ниедна публикација не смее да се изнесува од библиотеката. И, се разбира, треба да ги чуваме публикациите и да не пишуваме ништо во нив.

Библијата објаснува дека, за да го пронајдеме „знаењето за Бог“, мораме да бидеме спремни да трагаме по него „како по скриено богатство“ (Изреки 2:1-5). Собраниската библиотека може да ти помогне да ја започнеш таа потрага.

  • Што содржи собраниската библиотека?

  • Кој може да ти покаже како да ја користиш библиотеката?