Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Кој ја врши Јеховината волја денес?

 ПОГЛАВЈЕ 25

Зошто и како ги градиме нашите сали?

Зошто и како ги градиме нашите сали?

Боливија

Нигерија, пред и потоа

Тахити

Главното библиско учење за кое се зборува во Салите на Јеховините сведоци е Божјето Царство — истата тема за која зборувал и Исус (Лука 8:1).

Во нив се учи вистината за Бог. Салите на Јеховините сведоци се места од кои тие го организираат проповедањето во нивната околина (Матеј 24:14). Овие објекти се разликуваат по големината и изгледот, но тоа се скромни градби, а во многу од нив се состануваат повеќе собранија. Бидејќи бројот на објавители и собранија постојано расте, во последниве години изградивме десетици илјади нови сали, во просек по пет на ден. Како е возможно тоа? (Матеј 19:26).

Се градат со помош на прилозите што се даваат за таа цел. Овие прилози се испраќаат до подружницата за да може парите да им послужат на собранијата кои сакаат да изградат сала или да ја реновираат онаа што веќе ја имаат.

Ги градат доброволци со најразлично потекло и вештини. Во многу земји има формирано групи за изградба на сали составени од браќа и сестри. Тие се селат од едно до друго собрание во една земја — дури и до подалечни места — за да им помагаат на локалните собранија околу изградбата на нивната сала. Во други земји, некои браќа се задолжени да ги надгледуваат изградбата и реновирањето на Салите на Јеховините сведоци во одреден регион. Иако вешти мајстори доброволно ги даваат своето време и сила, повеќето од оние што работат на градилиштата се волонтери од локалното собрание. Сето ова е возможно поради Јеховиниот дух и сесрдниот труд на неговиот народ (Псалм 127:1; Колошаните 3:23).

  • Зошто градиме сали за состаноци?

  • Што ни овозможува да градиме сали низ целиот свет?