Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Кој ја врши Јеховината волја денес?

 ПОГЛАВЈЕ 18

Како им помагаме на нашите браќа кога се во неволја?

Како им помагаме на нашите браќа кога се во неволја?

Доминиканска Република

Јапонија

Хаити

Кога ќе се случи некоја катастрофа, Јеховините сведоци веднаш се организираат за да им помогнат на своите браќа што се наоѓаат во погодените подрачја. Тоа покажува дека меѓу нас владее вистинска љубов (Јован 13:34, 35; 1. Јованово 3:17, 18). Како си помагаме?

Донираме средства. Кога во првиот век Јудеја била зафатена од голем глад, христијаните од Антиохија им испратиле финансиска помош на своите духовни браќа (Дела 11:27-30). Слично на тоа, кога ќе дознаеме дека нашите браќа во некој дел од светот се погодени од некоја неволја, испраќаме доброволни прилози преку нашето собрание за да се обезбеди материјална помош за оние во најтешка состојба (2. Коринќаните 8:13-15).

Даваме практична помош. Старешините кои се на местото на несреќата се трудат да стапат во контакт со секој член на собранието за да се уверат дека сите се добро. Може да биде формиран одбор за помош кој ќе се погрижи да бидат обезбедени храна, вода за пиење, облека, засолниште и медицинска помош. Многу Сведоци доброволно и на свој трошок одат да помагаат во акциите за помош или околу поправките на оштетените домови и сали. Единството што постои во нашата организација и искуството што го имаме стекнато работејќи заедно ни помагаат брзо да реагираме во време на неволја. Иако спремно им пружаме рака на „своите браќа по вера“, кога можеме, им помагаме и на другите, без разлика на нивната религија (Галатите 6:10).

Даваме духовна и емоционална поддршка. На оние што преживеале некаква катастрофа многу им треба утеха. Во такви тешки времиња, црпиме сила од Јехова, „Богот на секоја утеха“ (2. Коринќаните 1:3, 4). Ние сакаме да им ги кажеме библиските ветувања на оние што се во очај, уверувајќи ги дека наскоро Божјето Царство ќе им стави крај на сите трагедии што носат болка и страдања (Откровение 21:4).

  • Зошто Јеховините сведоци можат брзо да реагираат кога ќе се случи некоја катастрофа?

  • Каква духовна утеха можеме да им дадеме на оние што преживеале?