Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Кој ја врши Јеховината волја денес?

 ПОГЛАВЈЕ 17

Како ни помагаат покраинските надгледници?

Како ни помагаат покраинските надгледници?

Малави

Состанок за проповедање

Проповедање

Состанок со старешини

Во Христијанските грчки списи често се спомнуваат Варнава и апостол Павле. Тие служеле како патувачки надгледници и ги посетувале првите собранија. Зошто? Затоа што вистински биле заинтересирани за доброто на нивните духовни браќа и сестри. Павле рекол дека сака ‚да се врати и да ги посети браќата‘ за да види како се. Бил спремен да помине стотици километри за да оди и да ги зајакне (Дела 15:36). Ист став имаат и нашите патувачки надгледници денес.

Доаѓаат да нѐ охрабрат. Еден покраински надгледник посетува 20-ина собранија и поминува по една седмица двапати годишно со секое од нив. Можеме многу да учиме од искуството на овие браќа и на нивните сопруги, доколку се во брак. Тие се трудат да се запознаат и со младите и со постарите и сакаат да одат во служба со нас и кај оние со кои ја проучуваме Библијата. Овие надгледници, заедно со старешините од собранието, одат кај објавителите за да ги зајакнат, а нѐ охрабруваат и со своите говори на состаноците и собирите (Дела 15:35).

Се грижат за сите. Покраинските надгледници се вистински заинтересирани за духовната состојба на собранијата. Тие имаат состанок со старешините и слуга-помошниците за да видат каков напредок има во собранието и за да им дадат практични совети како да ги извршуваат своите одговорности. Им помагаат на пионерите да бидат успешни во својата служба, а многу сакаат да ги запознаат и новите во собранието и да чујат како напредуваат духовно. Секој од овие браќа спремно се дава себеси како „соработник, кој служи за [наше] добро“ (2. Коринќаните 8:23). Треба да се угледаме на нивата вера и да му бидеме оддадени на Бог како нив (Евреите 13:7).

  • Зошто покраинските надгледници ги посетуваат собранијата?

  • Како можеш да извлечеш корист од нивните посети?