Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Кој ја врши Јеховината волја денес?

 ПОГЛАВЈЕ 22

Што се прави во една подружница?

Што се прави во една подружница?

Соломонови Острови

Канада

ЈАР

Членовите на бетелското семејство служат во различни одделенија и со својата служба го поддржуваат проповедничкото дело во една или повеќе земји. Некои служат во преведувачки тимови, печатат списанија, подврзуваат книги, складираат литература, снимаат аудио и видео материјали или се грижат за други работи поврзани со подрачјето за кое е одговорна подружницата.

Активностите ги надгледува Одбор на подружницата. Секоја подружница ја надгледува Одбор на подружницата составен од тројца или повеќе искусни старешини кои се поставени од Водечкото тело. Одборот редовно го известува Водечкото тело како напредува делото во секоја земја што е под надлежност на тој одбор и за проблемите што можеби ќе се појават. Таквите извештаи му помагаат на Водечкото тело да одлучи кои теми да бидат разгледани во некои идни публикации и на состаноците и на собирите. Претставници на Водечкото тело редовно ги посетуваат подружниците и им даваат упатства на Одборите како да ги извршуваат своите задачи (Изреки 11:14). За време на посетата претставникот на главното седиште одржува охрабрувачки говор за оние што живеат на подрачјето што го надгледува подружницата.

Им помага на локалните собранија. Одговорни браќа од подружницата даваат одобрување за основање на нови собранија. Исто така, им даваат упатства на пионерите, мисионерите и покраинските надгледници кои служат на подрачјето на подружницата. Тие ги организираат собирите и конгресите, ја надгледуваат изградбата на нови сали и се грижат литературата да се испорача до собранијата. Сѐ што се прави во подружницата придонесува проповедањето да се одвива организирано (1. Коринќаните 14:33, 40).

  • Како Одборите на подружниците му помагаат на Водечкото тело?

  • За кои работи се грижи подружницата?