Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Кој ја врши Јеховината волја денес?

 ПОГЛАВЈЕ 26

Како да ја одржуваме нашата сала?

Како да ја одржуваме нашата сала?

Естонија

Зимбабве

Монголија

Порторико

Салите каде што Јеховините сведоци ги одржуваат своите состаноци го величаат Божјето свето име. Затоа, нам ни е чест да ја одржуваме Салата чиста, уредна и во добра состојба, а тоа го сметаме и за важен дел од нашето обожавање. Секој може да помогне околу одржувањето.

Учествувај во чистењето по состанокот. По секој состанок, браќата и сестрите со задоволство ја средуваат и ја чистат салата. Редовно се прави и потемелно чистење. Некој старешина или слуга-помошник го организира чистењето, обично следејќи список со работи што треба да се завршат. Во зависност од потребите, подот се мете, се смука или се пребришува, се брише прашината, се редат столчињата, се чистат тоалетите, се бришат прозорците и огледалата, се фрла ѓубрето или се чисти околу салата. Ако и на нашите деца им дадеме некои задолженија, ќе ги научиме да го ценат местото каде што го славиме Бог (Проповедник 5:1).

Помогни околу поправките. Секоја година се прави детална проверка на салата, и однадвор и однатре. Според она што ќе се утврди при проверката, редовно се вршат поправки за салата да биде во добра состојба, со што се избегнуваат непотребни трошоци (2. Летописи 24:13; 34:10). Кога салата е чиста и кога добро се одржува, таа е достојно место во кое го славиме нашиот Бог. Со тоа што помагаме во тие работи покажуваме колку ги сакаме Јехова и местото каде што го славиме (Псалм 122:1). Но, тоа остава и убав впечаток во околината (2. Коринќаните 6:3).

  • Зошто треба да се грижиме за нашите сали?

  • Што се организира за да ја одржуваме салата чиста?