Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Кој ја врши Јеховината волја денес?

 ПОГЛАВЈЕ 1

Какви луѓе се Јеховините сведоци?

Какви луѓе се Јеховините сведоци?

Данска

Тајван

Венецуела

Индија

Колку Јеховини сведоци познаваш? Можеби некои од нас ти се соседи, колеги или соученици. Или, пак, можеби некогаш си разговарал со нас за Библијата. Кои сме, всушност, ние и зошто зборуваме за своите верувања со другите?

Ние сме обични луѓе. Сите ние имаме најразлично потекло и живееме во различни услови. Некои од нас порано припаѓале на друга религија, а други, пак, не верувале во Бог. Но, пред да станеме Јеховини сведоци, сите ние сме посветиле време внимателно да ги испитаме учењата од Библијата (Дела 17:11). Сфативме дека она што го дознавме е вистина и донесовме лична одлука да му служиме на Јехова Бог.

Имаме корист од она што го учиме од Библијата. Како секој друг, и ние мораме да се бориме со разни проблеми и со нашите слабости. Но, бидејќи се трудиме да живееме според библиските начела, водиме подобар живот (Псалм 128:1, 2). Тоа е една причина зошто сакаме да им ги кажеме на другите убавите работи што ги учиме од Библијата.

Живееме според вредностите на кои нѐ учи Бог. Овие вредности што ги учиме од Библијата нѐ поттикнуваат да им правиме добро на другите и да ги почитуваме, и да развиваме особини како што се чесноста и љубезноста. Библиските начела им помагаат на луѓето да бидат одговорни и корисни членови на општеството и придонесуваат за обединети семејства и за висок морал. Бидејќи сме уверени дека „Бог не е пристрасен“, се чувствуваме како едно меѓународно семејство во кое сите имаат исти верувања и во кое не постојат никакви расни и политички бариери. Точно, ние сме обични луѓе, но обединети во едно уникатно братство (Дела 4:13; 10:34, 35).

  • Какви сличности постојат меѓу Јеховините сведоци и другите луѓе?

  • Кои вредности Јеховините сведоци ги научиле од Библијата?

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Радувај го Бог со својот живот

Можно е да го радуваме Јехова со својот живот. Всушност, ти можеш да станеш негов пријател.

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Религија што ја одобрува Бог

Разгледај шест обележја на вистинската религија