Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Кој ја врши Јеховината волја денес?

Ќе ја вршиш ли Јеховината волја?

Ќе ја вршиш ли Јеховината волја?

Мило ни е што одвои време за да ја проучиш оваа брошура и да се запознаеш со Јеховините сведоци како народ, да дознаеш повеќе за нашите активности и да видиш како функционира нашата организација. Се надеваме дека ти помогна да увидиш дека ние ја вршиме Јеховината волја денес. Сакаме да те поттикнеме да продолжиш да учиш за Бог, да им кажуваш на другите од семејството и на твоите пријатели што учиш и редовно да доаѓаш на нашите состаноци (Евреите 10:23-25).

Колку повеќе учиш за Јехова толку посвесен ќе бидеш дека тој многу те сака. Тоа, пак, ќе те поттикне да правиш сѐ што можеш за да му покажеш дека и ти го сакаш (1. Јованово 4:8-10, 19). Но, како ќе ја покажеш таа љубов во својот живот? Зошто е за твое добро да ги почитуваш Јеховините морални мерила? И што ќе ти помогне да развиеш желба да ја вршиш Божјата волја заедно со нас? Јеховиниот сведок што те поучува за Библијата со задоволство ќе ти помогне да ги најдеш одговорите за да можете ти и твоето семејство да ја зачувате Божјата љубов и да „се надевате на вечниот живот“ (Јуда 21).

Од срце посакуваме да продолжиш да ја откриваш вистината за Бог и духовно да напредуваш со тоа што ќе ја проучуваш книгата Зачувај ја Божјата љубов.

 

Нешто повеќе

БИБЛИСКИ КУРС

Зошто да ја проучуваш Библијата?

Библијата им помогнала на милиони луѓе низ целиот свет да ги дознаат одговорите на најважните прашања. Дали би сакал да ги дознаеш и ти?

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Што е тоа библиски курс?

Дознај го одговорот на прашањата во врска со нашиот библиски курс.