Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Кој ја врши Јеховината волја денес?

 ПОГЛАВЈЕ 20

Како функционира Водечкото тело денес?

Како функционира Водечкото тело денес?

Водечкото тело од првиот век

Се чита писмо од водечкото тело

Во првиот век, една мала група христијани — „апостолите и старешините во Ерусалим“ — служеле како водечко тело што донесувало важни одлуки кои го засегале целото христијанско собрание составено од помазаници (Дела 15:2). Како успевале да донесат едногласни одлуки? Проверувале што велат светите списи за некоја тема, дискутирале за неа и се подложувале на водството што го добивале од Божјиот дух (Дела 15:25). Исто е и денес.

Бог го користи Водечкото тело да ја врши неговата волја. Помазаните браќа што служат во Водечкото тело длабоко ја проучуваат Божјата Реч и имаат големо искуство во врска со тоа како да се решаваат некои прашања поврзани со организациски и духовни работи. Тие се состануваат секоја седмица и дискутираат за потребите на нашето меѓународно братство. Исто како во првиот век, даваат упатства темелени на Библијата преку писма, преку патувачките надгледници и слично. Тоа помага Божјите слуги низ целиот свет да размислуваат и да постапуваат според исти начела и мерила (Дела 16:4, 5). Водечкото тело го надгледува подготвувањето на духовната храна и именувањето на одговорни браќа и дава поттик да проповедаме во поголема мера.

Водечкото тело го следи водството од Божјиот дух. Водечкото тело за сѐ бара водство од Севишниот Владетел, Јехова, и од Главата на собранието, Исус (1. Коринќаните 11:3; Ефешаните 5:23). Членовите на Водечкото тело не се сметаат себеси за водачи на Божјиот народ. Тие, заедно со сите помазани христијани, „го следат Јагнето [Исус] каде и да појде“ (Откровение 14:4). Водечкото тело е многу благодарно кога се молиме за него.

  • Кој го сочинувал водечкото тело во првиот век?

  • Како Водечкото тело денес бара водство од Бог?