Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Исус — патот, вистината и животот

 ПОГЛАВЈЕ 72

Седумдесет ученици почнале да проповедаат

Седумдесет ученици почнале да проповедаат

ЛУКА 10:1-24

  • ИСУС ИЗБРАЛ 70 УЧЕНИЦИ И ГИ ИСПРАТИЛ ДА ПРОПОВЕДААТ

Поминале околу три години откако Исус се крстил, и 32 год. од н.е. полека изминувала. И таа година Исус и учениците биле на Празникот на сениците во Ерусалим, и очигледно останале во близина на градот уште некое време (Лука 10:38; Јован 11:1). Всушност, поголемиот дел од последните шест месеци од својата служба Исус го поминал во Јудеја и во Переја, подрачје што се наоѓало од другата страна на реката Јордан. И на тие подрачја требало да се проповеда.

Претходно, по Пасхата во 30 год. од. н.е., Исус неколку месеци проповедал во Јудеја и минувал низ Самарија. Потоа, некаде околу Пасхата во 31 год. од н.е., Евреите во Ерусалим се обиделе да го убијат. Наредниот период од околу една и пол година, Исус главно поучувал на север, во Галилеја. За тоа време, мнозина станале негови следбеници. Додека бил во Галилеја, Исус ги обучил своите апостоли да проповедаат и им го дал следново упатство: „Проповедајте: ‚Се приближи царството небесно‘“ (Матеј 10:5-7). Овојпат, Исус организирал проповедничко патување низ Јудеја.

Откако избрал седумдесет ученици, Исус ги поделил на триесет и пет парови и ги испратил да проповедаат за Царството на едно подрачје каде што ‚жетвата била голема, а работници имало малку‘ (Лука 10:2). Тие требало да појдат во сите места каде што и самиот Исус имал намера подоцна да отиде. Таму требало да ги лекуваат болните и да ја објават истата порака што ја објавувал и тој.

Исус не ги упатил учениците да одат во синагогите, туку по домовите на луѓето. Тој ги поучил: „Кога ќе влезете во некоја куќа, најпрво речете: ‚Мир на оваа куќа!‘ И ако таму има пријател на мирот, вашиот мир ќе остане на него“. Која порака требало да ја пренесуваат? Исус рекол: „Кажувајте им: ‚Божјето царство се приближи до вас‘“ (Лука 10:5-9).

Упатствата што Исус им ги дал на тие седумдесет ученици биле слични со упатствата што им ги дал на дванаесетте апостоли околу една година претходно. Тој им кажал дека нема да бидат прифатени од сите. Но, она што ќе го направеле ќе му го отворело патот на Исус. Така, кога тој ќе дојдел набрзо по нив, мнозина едвај ќе чекале да го запознаат Господарот и да бидат поучени од него.

По кратко време, учениците се вратиле кај Исус и радосно му рекле: „Господару, дури и демоните ни се покоруваат кога го користиме твоето име!“ Оваа убава вест сигурно го израдувала Исус, кој им рекол: „Го гледав Сатана како падна од небото како молња. Еве, ви дадов власт да газите по змии и скорпии“ (Лука 10:17-19).

Со тоа Исус ги уверил своите следбеници дека ќе успеат да совладаат многу тешкотии или, симболично кажано, да газат по змии и скорпии. Освен тоа, им кажал дека во иднина Сатана ќе бил исфрлен од небото. Така, Исус им помогнал на тие седумдесет ученици да сфатат за што најмногу требало да се радуваат. Тој им рекол: „Не радувајте се на тоа што духовите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња се запишани на небесата“ (Лука 10:20).

Исус бил многу радосен и на глас го славел својот Татко што се послужил со своите понизни слуги за да направи моќни дела. Потоа се свртел кон своите ученици и им рекол: „Среќни се очите што го гледаат ова што вие го гледате. Зашто, ви велам, многу пророци и цареви сакаа да го видат ова што вие го гледате, но не го видоа, и да го чујат ова што вие го слушате, но не го чуја“ (Лука 10:23, 24).