Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Исус — патот, вистината и животот

 ПОГЛАВЈЕ 117

Господаровата вечера

Господаровата вечера

МАТЕЈ 26:21-29; МАРКО 14:18-25; ЛУКА 22:19-23; ЈОВАН 13:18-30

  • ИСУС КАЖАЛ ДЕКА ЈУДА ЌЕ ГО ПРЕДАДЕ

  • ЈА ВОСПОСТАВИЛ ГОСПОДАРОВАТА ВЕЧЕРА

Со тоа што им ги измил нозете, Исус им покажал на апостолите колку е важна понизноста. Потоа, по сѐ изгледа откако завршиле со пасхалната вечера, Исус цитирал едно пророштво што го запишал Давид: „Дури и човекот што беше во мир со мене, во кого имав доверба, кој јадеше од мојот леб, се крена против мене“. Потоа рекол: „Еден од вас ќе ме предаде“ (Псалм 41:9; Јован 13:18, 21).

Апостолите се погледнале еден со друг и секој од нив прашал: „Господару, да не сум јас?“ Дури и Јуда Искариот го прашал истото. Петар му рекол на Јован, кој на трпезата бил веднаш до Исус, да дознае кој бил тој што ќе го предаде. Јован се навалил кон Исус и го прашал: „Господару, кој е тој?“ (Матеј 26:22; Јован 13:25).

Исус му одговорил: „Тоа е оној кому ќе му го дадам залакот што ќе го натопам“. Исус натопил залак леб во чинијата, му го дал на Јуда и рекол: „Синот човечки си заминува, како што е напишано за него, но тешко на оној човек што ќе го предаде Синот човечки! Подобро ќе му беше воопшто да не се ни родеше“ (Јован 13:26; Матеј 26:24). Тогаш Сатана влегол во Јуда. Тој човек, кој веќе имал злобно срце, од тој момент дозволил Ѓаволот потполно да управува со неговите постапки. Така станал „синот на пропаста“ (Јован 6:64, 70; 12:4; 17:12).

Потоа Исус му рекол на Јуда: „Што ќе правиш, прави побргу!“ Останатите апостоли помислиле дека Исус сакал да му каже на Јуда, кај кого била кутијата со пари: „Купи ни што ни треба за празникот“, или дека му рекол да им даде нешто на сиромасите (Јован 13:27-30). Но, Јуда отишол да го предаде Исус.

Истата таа вечер кога се празнувала Пасхата, Исус воспоставил една потполно нова прослава. Зел леб, се заблагодарил, го раскршил и им дал од него на апостолите. Потоа рекол: „Ова го претставува моето тело, кое ќе се даде за вас. Правете го ова за мој спомен!“ (Лука 22:19). Парчето леб поминало кај секого од нив и сите јаделе од него.

Потоа зел чаша вино, повторно се заблагодарил и им ја подал на апостолите. Сите пиеле од неа, а Исус рекол: „Оваа чаша го претставува новиот сојуз на темел на мојата крв, која ќе се пролее за вас“ (Лука 22:20).

На тој начин, Исус покажал како требало неговите следбеници да ја одбележуваат неговата смрт секоја година на 14 нисан. Така ќе се потсетеле што направиле Исус и неговиот Татко за да ги спасат верните луѓе од гревот и смртта. Пасхата ги потсетувала Евреите на ослободувањето од египетското ропство. Но, од тој момент натаму, таа вечер ќе била потсетник за вистинското ослободување на верните луѓе.

Исус кажал дека неговата крв „ќе се пролее за мнозина заради простување на гревовите“. Меѓу оние на кои им било овозможено такво простување биле неговите верни апостоли, но и многу други верни ученици. Во иднина, тие ќе биле во Царството на неговиот Татко (Матеј 26:28, 29).

Нешто повеќе

БИБЛИЈАТА — КОЈА Е НЕЈЗИНАТА ПОРАКА?

Погубувањето на Исус Христос

Која нова прослава ја воспоставил Исус пред да биде предаден и прикован на столб?

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Господаровата вечера — прослава со која му се оддава чест на Бог

На христијаните им е заповедано да ја одбележуваат Спомен-свеченоста по повод Христовата смрт. Кога и како треба да се прави тоа?