Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Исус — патот, вистината и животот

Биди како Исус...

Биди како Исус...

СОЧУВСТВИТЕЛЕН

Бидејќи бил совршен човек, Исус не поминал низ сите грижи и проблеми што ги доживуваат останатите луѓе. Но, покажал дека добро разбира како се чувствуваат. Бил спремен за другите да направи и повеќе од она што би се очекувало. Сочувствителноста го поттикнувала да им помага. Разгледај ги примерите запишани во поглавја 32, 37, 57, 99.

ЉУБЕЗЕН

Исус не оставал впечаток дека е ладен или горд, па затоа слободно му пристапувале луѓе од сите возрасти. Тие чувствувале дека ги сака и им било убаво додека биле со него. Тоа можеш да го видиш во поглавја 25, 27, 95.

МОЛИ СЕ ЧЕСТО

Исус често и од срце му се молел на својот Татко, и насамо и заедно со своите следбеници. Тој се молел пред да јаде, како и во многу други прилики. Се молел за да му се заблагодари на својот Татко, за да го слави и за да побара водство од него пред да донесе некоја важна одлука. Погледни ги примерите во поглавја 24, 34, 91, 122, 123.

НЕСЕБИЧЕН

Понекогаш, Исус помагал некому иако имал потреба да се одмори и опушти. Секогаш повеќе мислел на другите отколку на себеси. Тој ни оставил прекрасен пример на несебичност. Повеќе за тоа можеш да прочиташ во поглавја 19, 41, 52.

ПРОСТУВАЈ

Исус не само што кажал дека треба да простуваме туку и самиот им простувал на учениците и на другите. Размисли за примерите во поглавја 26, 40, 64, 85, 131.

ПОЖРТВУВАН

Било проречено дека повеќето Евреи нема да го прифатат Исус како Месија и дека неговите непријатели ќе го убијат. Затоа лесно можел да си помисли дека не вреди многу да се труди околу другите. Сепак, Исус давал сѐ од себе за да им помогне на луѓето да ја разберат вистината за Бог. Со тоа оставил пример за сите свои следбеници кои се соочуваат со рамнодушност и противење. Види во поглавја 16, 72, 103.

ПОНИЗЕН

Исус бил далеку подобар од несовршените луѓе во многу работи како, на пример, во знаењето и мудроста. Бидејќи бил совршен, никој не можел да ги надмине неговите физички и ментални способности. И покрај тоа, Исус понизно им служел на другите. Убави поуки за понизноста содржат поглавја 10, 62, 66, 94, 116.

СТРПЛИВ

Исус бил стрплив со своите апостоли и со другите луѓе кога и да постапеле спротивно на она што тој го правел или поучувал. Повеќепати ги поучувал за една иста работа за да им помогне да станат поблиски со Јехова. Неколку примери што покажуваат колку бил стрплив има во поглавја 74, 98, 118, 135.