Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Исус — патот, вистината и животот

Во оваа книга можеш да прочиташ за секој настан од животот на Исус што е запишан во Библијата.

УВОД

Патот, вистината и животот

Учењата и делата на Исус за кои се зборува во евангелијата можат да ти го сменат животот.

ПОГЛАВЈЕ 1

Две пораки од Бог

Ангелот Гавриел пренел две пораки во кои било тешко да се поверува.

ПОГЛАВЈЕ 2

На Исус му била оддадена чест уште пред да се роди

На кој начин Елисавета и нејзиниот нероден син му оддале чест на Исус?

ПОГЛАВЈЕ 3

Се родил оној што требало да го подготви патот

Штом на Захарија со чудо му се вратил говорот, тој кажал едно значајно пророштво.

ПОГЛАВЈЕ 4

Марија била бремена иако немала маж

Дали Јосиф ѝ поверувал на Марија кога таа му кажала дека е бремена со помош на светиот дух, а не од некој друг маж?

ПОГЛАВЈЕ 5

Каде и кога се родил Исус

Од каде знаеме дека Исус не бил роден на 7 јануари?

ПОГЛАВЈЕ 6

Ветениот Месија

Кога Јосиф и Марија го однеле бебето Исус во храмот, двајца остарени Израелци кажале пророштво за неговата иднина.

ПОГЛАВЈЕ 7

Кај Исус дошле астролози

Зошто ѕвездата што ја виделе астролозите на Исток најпрво ги одвела кај цар Ирод, кој сакал да го убие Исус?

ПОГЛАВЈЕ 8

Избегале од еден суров владетел

Во првите години од животот на Исус се исполниле три библиски пророштва во врска со Месијата.

ПОГЛАВЈЕ 9

Детството на Исус во Назарет

Колку браќа и сестри имал Исус?

ПОГЛАВЈЕ 10

Семејството на Исус на празникот во Ерусалим

Јосиф и Марија биле загрижени затоа што не можеле да го најдат Исус, а тој бил изненаден што не се сетиле каде би можел да биде.

ПОГЛАВЈЕ 11

Јован Крстител го подготвил патот

Кога некои фарисеи и садукеи дошле кај Јован, тој ги осудил. Зошто?

ПОГЛАВЈЕ 12

Крштавањето на Исус

Зошто Исус се крстил иако не направил никаков грев?

ПОГЛАВЈЕ 13

Искушенијата во пустината

Искушенијата со кои се соочил Исус откриваат две клучни работи за Ѓаволот.

ПОГЛАВЈЕ 14

Исус почнал да собира ученици

Зошто првите шест ученици на Исус биле уверени дека го нашле Месијата?

ПОГЛАВЈЕ 15

Првото чудо на Исус

Исус ѝ покажал на мајка му дека требало да прима наредби од неговиот небесен Татко, а не од неа.

ПОГЛАВЈЕ 16

Ревноста за Божјиот дом

Со оглед на тоа што Божјиот закон дозволувал луѓето да купуваат животни за жртва, зошто Исус се разгневил кога ги видел трговците во храмот?

ПОГЛАВЈЕ 17

Разговорот на Исус со Никодим

Што значи да се биде ‚повторно роден‘?

ПОГЛАВЈЕ 18

Улогата на Јован се намалила, а на Исус се зголемила

Учениците на Јован Крстител биле љубоморни, но тој не бил.

ПОГЛАВЈЕ 19

Разговорот со Самарјанката

Исус ѝ кажал на Самарјанката нешто што дотогаш го немал кажано никому.

ПОГЛАВЈЕ 20

Второто чудо во Кана

Исус излекувал едно дете иако бил на оддалеченост од околу 25 километри од него.

ПОГЛАВЈЕ 21

Во синагогата во Назарет

Што им кажал Исус на луѓето од неговиот роден град поради што се обиделе да го убијат?

ПОГЛАВЈЕ 22

Првите четворица ученици

Исус повикал четворица ученици да станат рибари на луѓе.

ПОГЛАВЈЕ 23

Чудата на Исус во Капернаум

Кога Исус ги истерувал демоните од луѓето, им забранувал да кажуваат дека тој е Божји Син. Зошто?

ПОГЛАВЈЕ 24

Исус проповедал низ Галилеја

Луѓето доаѓале кај Исус за да ги излекува, но тој им кажал дека неговата служба вклучувала нешто поважно.

ПОГЛАВЈЕ 25

Сочувствително излекувал лепрозен човек

Со неколку едноставни но силни зборови, Исус покажал колку му било жал за оние што ги лекувал.

ПОГЛАВЈЕ 26

„Простени ти се гревовите“

Како Исус покажал каква е поврзаноста меѓу гревот и болестите?

ПОГЛАВЈЕ 27

Матеј станал ученик на Исус

Зошто Исус јадел со грешници?

ПОГЛАВЈЕ 28

Зошто учениците на Исус не постеле

Исус кажал споредба со мешини за вино.

ПОГЛАВЈЕ 29

Исус лекувал во сабота

Зошто Евреите го обвиниле Исус поради тоа што излекувал еден човек кој бил болен 38 години?

ПОГЛАВЈЕ 30

Во каков однос бил Исус со Бог

Евреите сметале дека Исус се изедначувал со Бог, но Исус јасно кажал дека Бог е поголем од него.

ПОГЛАВЈЕ 31

Учениците кинеле класје во сабота

Зошто Исус се нарекол „Господар на саботата“?

ПОГЛАВЈЕ 32

Што било дозволено да се прави во сабота

Садукеите и фарисеите, меѓу кои обично владеело соперништво, се здружиле против Исус.

ПОГЛАВЈЕ 33

Се исполнило едно пророштво на Исаија

Зошто Исус им наредил на оние што ги излекувал никому да не кажуваат кој е тој и што направил?

ПОГЛАВЈЕ 34

Исус избрал дванаесет апостоли

Која е разликата меѓу апостол и ученик?

ПОГЛАВЈЕ 35

Проповедта на гората

Прочитај што значеле некои од поважните поуки што Исус ги кажал во својата проповед.

ПОГЛАВЈЕ 36

Големата вера на еден воен заповедник

Кои зборови на воениот заповедник го восхитиле Исус?

ПОГЛАВЈЕ 37

Исус го воскреснал синот на една вдовица

Оние што го виделе тоа чудо веднаш го сфатиле неговото значење.

ПОГЛАВЈЕ 38

Јован ги испратил учениците кај Исус

Зошто Јован Крстител го прашал Исус дали тој е Месијата? Дали Јован имал сомнежи?

ПОГЛАВЈЕ 39

Тешко на превртливото поколение

Исус рекол дека во Судниот ден ќе ѝ биде полесно на содомската земја отколку на Капернаум, градот во кој живеел некое време.

ПОГЛАВЈЕ 40

Поука за простувањето

Кога ѝ рекол на една жена која можеби била проститутка дека ѝ биле простени гревовите, дали Исус сакал да каже дека било во ред да се прекршува Божјиот закон?

ПОГЛАВЈЕ 41

Со чија моќ Исус правел чуда

Браќата на Исус помислиле дека се мрднал од умот.

ПОГЛАВЈЕ 42

Исус ги прекорил фарисеите

Што бил „знакот на пророкот Јона“?

ПОГЛАВЈЕ 43

Споредби за Царството

Исус кажал осум споредби за да објасни што претставувало небесното Царство.

ПОГЛАВЈЕ 44

Исус смирил силна бура

Со тоа што ги смирил ветрот и брановите, Исус покажал каков ќе биде животот на Земјата кога тој ќе владее како Цар.

ПОГЛАВЈЕ 45

Моќ над демоните

Дали човек можел да биде обземен од повеќе демони?

ПОГЛАВЈЕ 46

Ја допрела облеката на Исус и оздравела

Во таа прилика, Исус покажал колкава моќ и сочувство имал.

ПОГЛАВЈЕ 47

Едно девојче оживеало

Кога Исус рекол дека едно мртво девојче само спиело, луѓето му се смееле. Што знаел тој, а не знаеле тие?

ПОГЛАВЈЕ 48

Правел чуда, но бил отфрлен дури и во Назарет

Луѓето од Назарет го отфрлиле Исус, но не поради неговите учења или чуда.

ПОГЛАВЈЕ 49

Проповедал низ Галилеја и ги обучувал апостолите

Што значел изразот ‚се приближи царството небесно‘?

ПОГЛАВЈЕ 50

Подготвени да проповедаат и покрај противењето

Зошто Исус им рекол на учениците да бегаат кога ќе биле прогонувани, кога не требало да се плашат од смртта?

ПОГЛАВЈЕ 51

Убиство на роденденска прослава

Играњето на Салома толку го одушевило Ирод што ѝ ветил дека ќе ѝ даде што и да побара. Таа побарала нешто страшно.

ПОГЛАВЈЕ 52

Илјадници нахранети со неколку леба и две риби

Чудото што Исус го направил било толку значајно што е опишано во сите четири евангелија.

ПОГЛАВЈЕ 53

Владетел кој има моќ над природните сили

Какви поуки извлекле апостолите од тоа што Исус одел по водата и го смирил ветрот?

ПОГЛАВЈЕ 54

Исус — „лебот на животот“

Зошто Исус ги прекорил луѓето иако вложиле голем труд за да дојдат кај него?

ПОГЛАВЈЕ 55

Многумина се запрепастиле од зборовите на Исус

Исус кажал нешто што ги запрепастило луѓето кои го слушале, па мнозина од учениците го напуштиле.

ПОГЛАВЈЕ 56

Што го валка човекот

Дали она што влегува или, пак, она што излегува од устата?

ПОГЛАВЈЕ 57

Излекувал девојче и глув човек

Зошто една жена не се навредила кога Исус го споредил нејзиниот народ со кученца?

ПОГЛАВЈЕ 58

Чудото со лебовите и квасецот на фарисеите

Учениците конечно сфатиле за каков квасец зборувал Исус.

ПОГЛАВЈЕ 59

Кој бил Синот човечки

Што биле клучевите на Царството? Кој ги употребил, и како?

ПОГЛАВЈЕ 60

Преобразувањето на Исус во сета негова слава

Што било преобразувањето? Што значело?

ПОГЛАВЈЕ 61

Исус излекувал момче обземено од демон

Исус рекол дека учениците не можеле да го излекуваат момчето поради недостиг на вера. Кому му недостигало вера — на момчето, на таткото или на учениците?

ПОГЛАВЈЕ 62

Важна поука за понизноста

Возрасните можат да научат нешто важно од едно мало дете.

ПОГЛАВЈЕ 63

Исус им дал на апостолите и други важни поуки

Исус кажал три чекори за решавање на недоразбирањата меѓу браќата.

ПОГЛАВЈЕ 64

Колку треба да простуваме

Со споредбата за немилосрдниот роб, Исус покажал колку е важно спремно да им простуваме на другите.

ПОГЛАВЈЕ 65

Поуки додека оделе кон Ерусалим

Во три кратки разговори, Исус кажал кои ставови можат некого да спречат да биде негов следбеник.

ПОГЛАВЈЕ 66

Во Ерусалим за Празникот на сениците

Зошто можеби оние што го слушале Исус помислиле дека е обземен од демон?

ПОГЛАВЈЕ 67

„Никој никогаш не зборувал така“

Целиот Судски совет бил против Исус, освен еден член кој се осмелил да зборува во негова одбрана.

ПОГЛАВЈЕ 68

Божјиот Син — „светлината на светот“

Исус рекол: „Вистината ќе ве ослободи“. Но, од што?

ПОГЛАВЈЕ 69

Кој бил нивниот татко — Авраам или Ѓаволот?

Исус кажал по што можеле да се препознаат децата на Авраам и истакнал кој бил неговиот Татко.

ПОГЛАВЈЕ 70

Излекувал човек кој бил слеп од раѓање

Учениците сакале да знаат зошто тој човек бил слеп. Дали згрешил тој или неговите родители? Кога Исус го излекувал, луѓето реагирале различно.

ПОГЛАВЈЕ 71

Фарисеите и човекот кој бил слеп

Логичниот начин на кој зборувал човекот кој претходно бил слеп ги разбеснил фарисеите. Токму како што се плашеле неговите родители, фарисеите го исклучиле од синагогата.

ПОГЛАВЈЕ 72

Седумдесет ученици почнале да проповедаат

Во Јудеја, Исус избрал 70 ученици, ги поделил во парови и ги испратил да проповедаат за Царството. Каде требало да ги бараат луѓето — во синагогите или по нивните домови?

ПОГЛАВЈЕ 73

Самарјанинот кој покажал дека е вистински ближен

Како Исус со помош на споредбата за ближниот Самарјанин дал една силна поука?

ПОГЛАВЈЕ 74

Поуки за гостољубивоста и за молитвата

Исус отишол кај Марија и Марта. Што ги поучил за гостољубивоста? Како подоцна ги поучил своите ученици за што да се молат?

ПОГЛАВЈЕ 75

Исус кажал што го прави човекот среќен

Исус им кажал на своите противници за „Божјиот прст“ и за тоа како Божјето Царство стигнало меѓу нив. Кажал и како можат луѓето да бидат вистински среќни.

ПОГЛАВЈЕ 76

На ручек кај еден фарисеј

Исус го разоткрил лецемерството на фарисеите и книжниците. Какви тешки товари морале да носат луѓето?

ПОГЛАВЈЕ 77

Исус дал совет за богатството

Исус кажал споредба за еден богат човек кој изградил поголеми амбари. Кој совет го повторил во врска со опасноста на богатството?

ПОГЛАВЈЕ 78

Биди подготвен, верен управителу!

На Исус му била важна духовноста на учениците. Која била улогата на управителот? Зошто бил важен советот да бидат подготвени?

ПОГЛАВЈЕ 79

Зошто народот го чекало уништување

Исус рекол дека оние на кои се обидувал да им помогне ќе биле уништени ако не се покаеле. Дали ја сфатиле важната поука за нивната вера во Бог?

ПОГЛАВЈЕ 80

Добриот пастир и трлата

Грижата на пастирот кон своите овци била добар опис за чувствата на Исус кон своите ученици. Дали ќе ги прифателе неговите поуки и дали ќе го следеле водството?

ПОГЛАВЈЕ 81

Во која смисла Исус и Таткото биле едно

Некои Евреи го обвиниле Исус дека се прави еднаков со Бог. Како им одговорил тој на нивните лажни обвиненија?

ПОГЛАВЈЕ 82

Службата на Исус во Переја

Исус објаснил што било потребно за да се добие спасение. Како е денес?

ПОГЛАВЈЕ 83

Поканети на вечера

Кога бил кај еден фарисеј, Исус кажал споредба за една голема вечера. Тоа било важна поука за сите Божји слуги. Која била таа?

ПОГЛАВЈЕ 84

Што значело да се биде ученик на Христос

Да се биде Христов ученик било сериозна одговорност. Исус јасно кажал што значело да се биде негов ученик.

ПОГЛАВЈЕ 85

Радоста кога некој ќе се покае

Фарисеите и книжниците го критикувале Исус затоа што се дружел со обичниот народ. Исус им кажал две споредби за да им покаже како гледа Бог на грешниците.

ПОГЛАВЈЕ 86

Загубениот син се вратил

Што учиме од споредбата на Исус за загубениот син?

ПОГЛАВЈЕ 87

Мудро да се користат материјалните средства

Преку споредбата за еден снаодлив и неправеден управител, Исус кажал нешто што ги изненадило учениците.

ПОГЛАВЈЕ 88

Богаташот и Лазар доживеале промена

За да се разбере споредбата на Исус било потребно најпрво да се сфати кого го претставувале двата лика.

ПОГЛАВЈЕ 89

Исус поучувал во Переја на пат кон Јудеја

Истакнал една особина што ќе ни помогне да им простуваме дури и на оние што ни грешат повеќепати.

ПОГЛАВЈЕ 90

„Воскресението и животот“

Што сакал да каже Исус кога рекол дека оние што веруваат во него ,никогаш нема да умрат‘?

ПОГЛАВЈЕ 91

Лазар воскреснал

Поради две работи поврзани со овој настан, дури и противниците на Исус не можеле да одречат дека се случило тоа чудо.

ПОГЛАВЈЕ 92

Само еден лепрозен покажал благодарност

Еден од излекуваните покажал благодарност кон Исус, но и кон некој друг.

ПОГЛАВЈЕ 93

Денот кога ќе се појавел Синот човечки

Зошто присутноста на Христос ќе била како молња?

ПОГЛАВЈЕ 94

Колку биле важни молитвата и понизноста

Во споредбата за вдовицата и неправедниот судија, Исус истакнал една многу важна особина.

ПОГЛАВЈЕ 95

Совети за разводот и љубовта кон децата

Исус имал многу поинаков став кон децата од неговите ученици. Зошто?

ПОГЛАВЈЕ 96

Исус и богатиот млад поглавар

Зошто Исус рекол дека ќе било полесно камила да помине низ иглени уши отколку богат човек да влезе во Божјето Царство?

ПОГЛАВЈЕ 97

Споредбата за работниците на лозјето

Како првите ќе станеле последни, а последните, први?

ПОГЛАВЈЕ 98

Апостолите повторно барале истакната положба

Јаков и Јован барале истакната положба во Царството, но не биле единствените.

ПОГЛАВЈЕ 99

Исус излекувал двајца слепи и отишол кај Закхеј

Иако изгледа дека се контрадикторни, како се надополнуваат двата библиски извештаи за слепите питачи близу Ерихон?

ПОГЛАВЈЕ 100

Споредбата за десетте мини

На што мислел Исус кога рекол: „На секој што има, ќе му се даде уште, а на оној што нема, ќе му се одземе и она што го има“?

ПОГЛАВЈЕ 101

На вечера кај Симон во Витанија

Марија, сестрата на Лазар, направила нешто што предизвикало бурна реакција, но Исус ја одбранил.

ПОГЛАВЈЕ 102

Царот влегол во Ерусалим на магаре

Исполнил пророштво запишано пред петстотини години.

ПОГЛАВЈЕ 103

Исус повторно го исчистил храмот

Изгледало дека трговците во Ерусалим чесно заработуваат, но Исус ги нарекол разбојници. Зошто?

ПОГЛАВЈЕ 104

Евреите го чуле гласот на Бог, но дали поверувале?

Дали има разлика во тоа да се верува во Исус и да се живее според верата во него?

ПОГЛАВЈЕ 105

Поука за верата од дрвото што се исушило

Исус ги поучил учениците колкава моќ има верата и објаснил зошто Бог го отфрлил израелскиот народ.

ПОГЛАВЈЕ 106

Две споредби со лозје

Дознај кое е значењето на споредбите за човекот кој им рекол на синовите да отидат на лозјето и за човекот кој им го дал лозјето под закуп на злобни лозари.

ПОГЛАВЈЕ 107

Царот ги повикал поканетите да дојдат на свадбата

Споредбата што ја кажал Исус била пророштво.

ПОГЛАВЈЕ 108

Ги осуетил обидите на фарисеите да го фатат во замка

Најпрво ги замолчил фарисеите, потоа садукеите, а на крајот и здружените противници.

ПОГЛАВЈЕ 109

Исус јавно ги прекорил своите противници

Зошто Исус не ги оправдувал верските разлики?

ПОГЛАВЈЕ 110

Последниот ден на Исус во храмот

Кажал важна поука со примерот на сиромашната вдовица.

ПОГЛАВЈЕ 111

Апостолите побарале знак

Пророштвото на Исус најпрво се исполнило во првиот век. Дали има и второ, поголемо исполнување?

ПОГЛАВЈЕ 112

Поука од споредбата со девиците

Дали Исус сакал да каже дека половина од неговите ученици ќе биле глупави, а половина разборити?

ПОГЛАВЈЕ 113

Поука од споредбата со талантите

Споредбата на Исус покажува што значат следниве негови зборови: „Секому кој има, ќе му се даде уште“.

ПОГЛАВЈЕ 114

Царот Христос ќе им судел на овците и на јарците

Со една интересна споредба, Исус покажал што ќе било основа за траен суд.

ПОГЛАВЈЕ 115

Наближувала последната Пасха за Исус

Зошто е значајно тоа што верските водачи се согласиле да му платат на Јуда 30 сребреници за да им го предаде Исус?

ПОГЛАВЈЕ 116

Поука за понизноста на последната Пасха

Ги зачудил апостолите кога извршил задача што обично ја правеле слугите.

ПОГЛАВЈЕ 117

Господаровата вечера

Исус ја воспоставил Спомен-свеченоста која неговите следбеници требало да ја одбележуваат секоја година на 14 нисан.

ПОГЛАВЈЕ 118

Препирка околу тоа кој бил најголем

Апостолите брзо ја заборавиле поуката што Исус им ја дал истата вечер.

ПОГЛАВЈЕ 119

Исус — патот, вистината и животот

Исус кажал како може да му се приближиме на Бог.

ПОГЛАВЈЕ 120

Оние што носат плод му се пријатели на Исус

Во која смисла учениците на Исус требало ‚да донесуваат плод‘?

ПОГЛАВЈЕ 121

„Бидете храбри, јас го победив светот!“

Како Исус ќе го победел светот кога ќе бил погубен?

ПОГЛАВЈЕ 122

Последната молитва на Исус во горната соба

Објаснил дека постигнал нешто многу поважно од спасението на луѓето.

ПОГЛАВЈЕ 123

Исус се молел исполнет со немир

Зошто Исус се молел: „Тргни ја оваа чаша од мене“? Дали посакал да се откаже од својата улога на Откупител?

ПОГЛАВЈЕ 124

Христос бил предаден и уапсен

Јуда го нашол Исус иако било ноќ.

ПОГЛАВЈЕ 125

Исус бил одведен кај Ана, а потоа кај Кајафа

Судењето на Исус било извртување на правдата.

ПОГЛАВЈЕ 126

Петар се одрекол од Исус

Како можел Петар, кој претходно му бил верен на Исус, наеднаш да се одрече од него?

ПОГЛАВЈЕ 127

Изведен пред Судскиот совет, а потоа пред Пилат

Еврејските верски водачи ги откриле своите вистински намери.

ПОГЛАВЈЕ 128

Ниту Пилат ниту Ирод не нашле вина кај Исус

Зошто Пилат го пратил Исус кај Ирод? Дали Пилат немал право да му пресуди на Исус?

ПОГЛАВЈЕ 129

Пилат рекол: „Еве го човекот!“

Дури и Пилат увидел колку убави особини имал Исус.

ПОГЛАВЈЕ 130

Исус бил предаден на свештениците за да го убијат

Зошто на жените што тажеле Исус им рекол да не плачат за него, туку за себе и за своите деца?

ПОГЛАВЈЕ 131

Цар кој бил неправедно измачуван

На едниот од разбојниците кој бил погубен со него, Исус му ветил нешто што ќе се исполнело далеку во иднина

ПОГЛАВЈЕ 132

„Овој човек навистина беше Божји Син!“

Необичната темнина, земјотресот и расцепената завеса воделе до еден ист заклучок.

ПОГЛАВЈЕ 133

Исус бил погребан

Зошто морало Исус да биде погребан пред зајдисонце?

ПОГЛАВЈЕ 134

Гробот бил празен бидејќи Исус бил жив

Откако воскреснал, Исус најпрво им се појавил на некои жени, а потоа на апостолите.

ПОГЛАВЈЕ 135

Воскреснатиот Исус им се појавил на многумина

Како Исус ги уверил учениците дека воскреснал?

ПОГЛАВЈЕ 136

На брегот на Галилејското Море

Исус трипати го потсетил Петар како може да ја докаже љубовта кон него.

ПОГЛАВЈЕ 137

Стотици луѓе го виделе воскреснатиот Исус

Откако воскреснал и пред да се вознесе на небото, Исус повеќепати им кажал на учениците што ќе добијат и како да го користат тоа.

ПОГЛАВЈЕ 138

Христос од десната страна на Бог

Што требало да прави Исус додека не дошло времето да ги отстрани своите непријатели?

ПОГЛАВЈЕ 139

Исус ќе го обнови рајот и ќе ја доврши својата задача

Пред да му го предаде Царството на својот Бог и Татко, Исус треба да доврши уште многу работи.

Биди како Исус...

Исус секогаш покажувал осум особини.

Индекс на стихови

Со помош на овој индекс најди каде во книгата е разработен секој стих од евангелијата.

Индекс на споредби

Најди во кое поглавје од книгата се зборува за некоја споредба на Исус.

Некои пророштва за Месијата

Поврзи ги настаните од животот на Исус со библиските пророштва што се исполниле и потврдиле дека тој е Месијата и види во кое поглавје од книгата пишува за тоа.

Местата каде што Исус живеел и поучувал

На оваа карта се прикажани местата во кои Исус ја извршувал својата служба.