Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Приближи му се на Јехова

Предговор

Предговор

Драг читателе,

Се чувствуваш ли близок со Бог? На мнозина тоа им се чини невозможно. Некои мислат дека тој воопшто не е заинтересиран за нас. Други се чувствуваат премногу безначајни за да бидат блиски со него. Меѓутоа, Библијата ни го дава овој убав поттик: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!“ (Јаков 4:8). Тој дури и ги уверува своите слуги: „Јас, Јехова, твојот Бог, те држам за десницата и ти велам: ‚Не плаши се! Јас ќе ти помогнам‘“ (Исаија 41:13).

Како можеме да развиеме такво пријателство со Бог? Па, за кои луѓе велиме дека ни се пријатели? Оние што добро ги познаваме и ги цениме поради нивните особини. Затоа, многу е важно да ја проучуваме Библијата зашто од неа дознаваме какви особини има Бог и како постапува тој. Ако размислуваме за начинот на кој Јехова ги покажува неговите особини, ако учиме од Исус Христос кој совршено ги покажувал истите тие особини и ако сфатиме како и ние да ги покажуваме, ќе станеме уште поблиски со Бог. Ќе сфатиме дека Јехова е совршен и законски Владетел на целата вселена. Освен тоа, тој е најдобриот Татко што постои. Јехова е моќен, праведен, мудар и полн со љубов и затоа никогаш не ги напушта своите верни деца.

Се надеваме дека оваа книга ќе ти помогне да станеш уште поблизок со Јехова Бог и да стекнеш пријателство со него што не ќе може ништо да го раскине. Така ќе можеш да го славиш во сета вечност.

Издавачите