Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Добра вест од Бог!

 ЛЕКЦИЈА 8

Зошто Бог ги допушта злото и страдањата?

Зошто Бог ги допушта злото и страдањата?

1. Како се појавило злото на Земјата?

Бог дозволува луѓето да владеат доволно долго за да се види дека не можат да ги решат проблемите на човештвото

Злото на Земјата се појавило кога Сатана ја кажал првата лага. Тој бил создаден како совршен ангел но ‚не останал постојан во вистината‘ (Јован 8:44). Посакал луѓето да го почитуваат и да му искажуваат чест која му припаѓа само на Бог. Сатана ја излажал првата жена Ева и ја убедил дека ќе ѝ биде подобро ако, наместо Бог, го слуша него. И Адам се повел по Ева и не го послушал Бог. Поради одлуката што ја донел Адам луѓето страдаат и умираат. (Прочитај 1. Мојсеева 3:1-6, 19.)

Со тоа што Сатана се обидел да ја наведе Ева да не го послуша Бог тој кренал бунт против Божјето право да владее односно да биде Севишен Владетел. И поголемиот број од луѓето застанале на страната на Сатана и го отфрлиле Бог како Владетел. Така Сатана станал „владетелот на светот“. (Прочитај Јован 14:30; 1. Јованово 5:19.)

2. Дали Бог направил грешка при создавањето?

Сѐ што создал Бог е совршено. И луѓето и ангелите што ги создал можеле да им бидат послушни на сите Божји барања (5. Мојсеева 32:4, 5). Бог ни дал слобода сами да избираме дали ќе го правиме она што е добро или она што е лошо. Таа слобода на избор ни дава можност да ја покажеме нашата љубов кон Бог. (Прочитај Јаков 1:13-15; 1. Јованово 5:3.)

3. Зошто Бог сѐ уште ги допушта страдањата?

Јехова дозволува побуната против неговото право да владее да трае извесно време. Зошто? За да се види дека без Бог луѓето не можат успешно да владеат (Проповедник 7:29; 8:9). По 6.000 години од човечката историја, станало сосема  јасно дека човечките владетели не успеале да ги отстранат војните, криминалот, неправдите и болестите. (Прочитај Еремија 10:23; Римјаните 9:17.)

За разлика од луѓето, Бог владее за доброто на своите поданици (Исаија 48:17, 18). Наскоро, Јехова ќе им стави крај на сите човечки влади. На Земјата ќе живеат само оние што ќе го изберат Бог за свој Владетел (Исаија 11:9). (Прочитај Даниел 2:44.)

4. Каква можност ни дава тоа што Бог е стрплив?

Сатана тврдел дека луѓето му служат на Јехова само од корист, а не од љубов. Би сакал ли да докажеш дека тоа не е точно? Ако сакаш, можеш! Тоа што Бог е стрплив ни дава можност да покажеме дали сакаме со нас да владее Тој или човек. Од нашиот начин на живот се гледа каков избор сме направиле. (Прочитај Јов 1:8-12; Изреки 27:11.)

5. Како ќе покажеме дека го избираме Бог за свој Владетел?

Со своите одлуки покажуваме дали сакаме Бог да биде наш Владетел

Ќе покажеме дека го избираме Бог за свој Владетел ако го правиме она што го пишува во неговата Реч, Библијата (Јован 4:23). Ќе го отфрлиме Сатана како владетел со тоа што, исто како Исус, нема да се мешаме во политика и нема да учествуваме во воените судири. (Прочитај Јован 17:14.)

Сатана ја користи својата моќ за да ги наведе луѓето да живеат неморално и да го прават она што им штети. Кога одбиваме да постапуваме така, некои пријатели и роднини може да нѐ исмејуваат или да ни се противат (1. Петрово 4:3, 4). Затоа, секој од нас стои пред одлука. Дали ќе се дружиме со луѓе кои го сакаат Бог? Дали ќе живееме според неговите мудри закони кои се за наше добро? Само така ќе покажеме дека Сатана лажел кога тврдел дека никој нема да му биде послушен на Бог во тешки околности. (Прочитај 1. Коринќаните 6:9, 10; 15:33.)

Тоа што Бог ги сака луѓето ни е гаранција дека ќе им дојде крај на злото и страдањата. Оние што покажуваат дека веруваат во ова, ќе живеат вечно на Земјата. (Прочитај Јован 3:16.)

 

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Зошто Бог ги допушта страдањата?

Многумина мислат дека Бог е виновен за сите страдања во светот. Што мислиш ти? Дознај што вели Бог за тоа кои се вистинските причини за страдањата.