Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Добра вест од Бог!

 ЛЕКЦИЈА 7

Што е Божјето Царство?

Што е Божјето Царство?

1. Што е Божјето Царство?

Зошто Исус е идеален Цар? (МАРКО 1:40-42)

Божјето Царство е небесна влада. Тоа ќе ги замени сите други влади и ќе овозможи Божјата волја да се врши како на небото така и на Земјата. Навистина е добра вест тоа што Бог ќе го употреби своето Царство на ваков начин. Наскоро, Божјето Царство ќе ја задоволи потребата на луѓето од добра влада. Тоа ќе ги обедини сите што живеат на Земјата. (Прочитај Даниел 2:44; Матеј 6:9, 10; 24:14.)

Секое царство мора да има цар. Јехова го поставил за Цар на своето Царство неговиот Син, Исус. (Прочитај Откровение 11:15.)

2. Зошто Исус е идеален Цар?

Божјиот Син е идеален Цар бидејќи е љубезен и цврсто се држи за она што е праведно (Јован 1:14). Исто така, доволно е моќен да ги отстрани проблемите што ги мачат луѓето, затоа што ќе владее над Земјата од небото. Откако воскреснал, Исус се вознел на небото и седнал од десната страна на Јехова (Евреите 10:12, 13). Кога дошло време, Бог го поставил за владетел. (Прочитај Даниел 7:13, 14.)

3. Кој ќе владее заедно со Исус?

Заедно со Исус, од небото ќе владее и една група луѓе кои се наречени „светите слуги на Севишниот“ (Даниел 7:27). Првите што Бог ги избрал да бидат дел од оваа група биле Исусовите верни апостоли. Оттогаш, па сѐ до денес, Јехова и понатаму избира верни мажи и жени кои ќе владеат со Исус на небото. И тие, како Исус, воскреснуваат со духовно тело. (Прочитај Јован 14:1-3; 1. Коринќаните 15:42-44.)

 Колкав е бројот на оние што ќе бидат на небото? Исус ги нарекол „мало стадо“ (Лука 12:32). Нивниот број изнесува 144.000. Тие ќе владеат над Земјата заедно со Исус. (Прочитај Откровение 14:1.)

4. Што се случило кога Исус почнал да владее?

Божјето Царство почнало да владее во 1914 год. * Откако станал Цар, Исус најпрво ги исфрлил на Земјата Сатана и неговите демони. Сатана се разбеснил и почнал да предизвикува неволји низ целата Земја (Откровение 12:7-10, 12). Оттогаш, човештвото го погодуваат сѐ повеќе тешкотии. Војните, гладот, болестите и земјотресите се дел од „знакот“ кој покажува дека Царството наскоро ќе ги преземе работите на Земјата во свои раце. (Прочитај Лука 21:7, 10, 11, 31.)

5. Какви промени на Земјата носи Божјето Царство?

Со тоа што добрата вест се проповеда низ целиот свет, Божјето Царство веќе обединува едно големо мноштво луѓе од сите народи. Милиони кротки луѓе стануваат поданици на Исус. Кога ќе биде уништен сегашниов злобен свет, тоа Царство ќе ги заштити овие луѓе. Затоа, сите што сакаат да живеат под власта на Божјето Царство треба да станат поданици на Исус. (Прочитај Откровение 7:9, 14, 16, 17.)

Во период од 1.000 години, Царството ќе ја исполни намерата што Бог отсекогаш ја имал за човештвото. Целата Земја ќе стане рај. На крајот, Исус ќе му го предаде Царството на својот Татко (1. Коринќаните 15:24-26). На кого би сакал да му ја пренесеш добрата вест за Божјето Царство? (Прочитај Псалм 37:10, 11, 29.)

 

^ пас. 6 Нешто повеќе за тоа како пророштвата од Библијата укажуваат на 1914 год. можеш да прочиташ на страници 216-218 од книгата Што навистина учи Библијата?

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Дали живееме во „последните денови“?

Дознај зошто постапките и ставовите на луѓето околу нас се доказ дека сега живееме во „последните денови“ кои се проречени во Библијата.

КОЈ ЈА ВРШИ ЈЕХОВИНАТА ВОЛЈА ДЕНЕС?

Како е организирано проповедањето на Јеховините сведоци?

Го следиме примерот што Исус го оставил кога бил на Земјата. На кои начини се проповеда?