Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Добра вест од Бог!

 ЛЕКЦИЈА 10

Како да ја препознаеш вистинската религија?

Како да ја препознаеш вистинската религија?

1. Дали постои само една вистинска религија?

„Пазете се од лажните пророци“ (МАТЕЈ 7:15)

Исус ги поучувал своите следбеници дека постои само една вистинска религија. Таа е како пат кој води во вечен живот. Исус рекол дека „малцина го наоѓаат“ тој пат (Матеј 7:14). Бог ја прифаќа само онаа религија чии учења се темелат на вистината од неговата Реч. Сите слуги на вистинскиот Бог му служат обединети во една религија. (Прочитај Јован 4:23, 24; 14:6; Ефешаните 4:4, 5.)

2. Што рекол Исус за лажните христијани?

„Тие тврдат дека го познаваат Бог, но се одрекуваат од него со своите дела“ (ТИТ 1:16)

Исус предупредил дека ќе се појават лажни пророци што ќе ги искриват христијанските учења. Однадвор, лажните пророци изгледаат како слуги на вистинскиот Бог. Тие тврдат дека се христијани. Но, лесно може да се види какви се навистина. Врз основа на што? Па, само припадниците на вистинската религија живеат и постапуваат како Исус. (Прочитај Матеј 7:13-23.)

3. Како да ја препознаеш вистинската религија?

Размисли за следниве пет обележја:

  • Припадниците на вистинската религија ја прифаќаат Библијата како Божја Реч. Тие се трудат да живеат според начелата во неа. Затоа, вистинската религија се разликува од религиите што се темелат на човечки идеи (Матеј 15:7-9). Нејзините припадници не зборуваат едно, а прават друго. (Прочитај Јован 17:17; 2. Тимотеј 3:16, 17.)

  •   Вистинските христијани го слават Божјето име, Јехова. Исус го славел Божјето име со тоа што им го кажувал на другите. Им помагал да го запознаат Бог и ги поучил да се молат да се свети Божјето име (Матеј 6:9). Која религија ги поттикнува луѓето да го користат Божјето име? (Прочитај Јован 17:26; Римјаните 10:13, 14.)

  • Вистинските христијани ја проповедаат веста за Божјето Царство. Бог го испратил Исус да им ја пренесе на луѓето добрата вест за Божјето Царство, кое е единствената надеж за човештвото. Исус ја пренесувал веста за Царството сѐ до својата смрт (Лука 4:43; 8:1; 23:42, 43). Рекол дека и неговите следбеници ќе ја проповедаат таа вест. Ако некој ти пристапи и почне да ти зборува за Божјето Царство, на која религија најпрво ќе помислиш дека ѝ припаѓа? (Прочитај Матеј 24:14.)

  • Следбениците на Исус не се дел од овој злобен свет. Можеш да ги препознаеш по тоа што не се мешаат во политика или во општествените конфликти (Јован 17:16; 18:36). Освен тоа, се разликуваат од останатите луѓе по своите ставови и постапки. (Прочитај Јаков 4:4.)

  • Вистинските христијани од срце се сакаат еден со друг. Од Божјата Реч научиле дека треба да ги почитуваат луѓето од сите раси и националности. За разлика од лажните религии, кои често отворено ги поддржуваат војните, вистинските христијани се потполно неутрални (Михеј 4:1-3). Тие несебично ги користат своето време и средства за да им помагаат на другите и за да им ја пренесуваат утешната порака од Библијата. (Прочитај Јован 13:34, 35; 1. Јованово 4:20.)

4. Можеш ли да ја препознаеш вистинската религија?

Која религија ги темели сите свои учења на Божјата Реч, го слави Божјето име и проповеда дека Божјето Царство е единствената надеж за човештвото? Која религија не ги поддржува војните, а нејзините припадници искрено се сакаат? Што мислиш ти? (Прочитај 1. Јованово 3:10-12.)

 

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Религија што ја одобрува Бог

Разгледај шест обележја на вистинската религија