Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Добра вест од Бог!

 ЛЕКЦИЈА 3

Дали добрата вест е навистина од Бог?

Дали добрата вест е навистина од Бог?

1. Кој е Автор на Библијата?

Добрата вест дека луѓето ќе живеат вечно на Земјата е запишана во Библијата (Псалм 37:29). Библијата се состои од 66 помали книги. Нив ги напишале околу 40 верни мажи кои биле водени од Бог. Првите пет книги ги напишал Мојсеј пред околу 3.500 години. Последната ја напишал апостол Јован пред повеќе од 1.900 години. Чии биле мислите што ги запишувале библиските писатели? Бог им кажувал што да напишат со помош на својот свет дух (2. Самоилова 23:2). Тие ги запишувале Божјите мисли, а не своите. Значи, Автор на Библијата е Јехова. (Прочитај 2. Тимотеј 3:16; 2. Петрово 1:20, 21.)

2. Зошто можеме да бидеме сигурни дека Библијата е од Бог?

Знаеме дека Библијата е од Бог затоа што во неа точно и детално е проречена иднината. Тоа не го може ниту еден човек (Исус Навин 23:14). Само Семоќниот Бог може точно да ја прорече иднината на луѓето. (Прочитај Исаија 42:9; 46:10.)

За очекување е една книга од Бог да биде нешто посебно. Така и е. Библијата е преведена на стотици јазици и отпечатена во милијарди примероци. Иако е многу стара, таа е во склад со она што го докажала науката. Исто така, нејзините 40 писатели не си противречат. * Од Библијата можеме да видиме и колку е голема Божјата љубов. Освен тоа, таа има моќ да им го смени животот на луѓето. Овие факти увериле милиони лица дека Библијата е Божја Реч. (Прочитај 1. Солуњаните 2:13.)

 3. За што се зборува во Библијата?

Меѓу најважните теми за кои се зборува во Библијата е добрата вест дека Бог наумил нешто многу убаво за целото човештво. Во неа е објаснето како уште на самиот почеток од човечката историја луѓето ја изгубиле можноста да живеат во рај на Земјата, и како тој рај еден ден повторно ќе биде обновен. (Прочитај Откровение 21:4, 5.)

Божјата Реч содржи и закони, начела и совети. Освен тоа, во неа е запишано како постапувал Бог со луѓето. Така можеш да видиш каква личност е тој. Значи, Библијата може да ти помогне да го запознаеш Бог. Таа покажува како можеш да станеш негов пријател. (Прочитај Псалм 19:7, 11; Јаков 2:23; 4:8.)

4. Што ќе ти помогне да ја разбереш Библијата?

Оваа брошура ќе ти помогне да ја разбереш Библијата со помош на истиот метод што го користел Исус. Тој цитирал библиски стихови и им ги објаснувал на другите за „да ги разберат Писмата“. (Прочитај Лука 24:27, 45.)

Зар има нешто толку убаво како добрата вест од Бог? Сепак некои луѓе не се многу заинтересирани за неа, а други воопшто не сакаат да ја чујат. Но, не дозволувај тоа да те расколеба. Само ако го запознаеш Бог, ќе можеш да живееш вечно. (Прочитај Јован 17:3.)

 

^ пас. 3 Види ја брошурата Книга за сите луѓе.

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Дали Библијата е книга од Бог?

Ако Библијата навистина е книга од Бог, тогаш би требало да се разликува од сите други книги.

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Библијата — книга од Бог

Како може Библијата да ти помогне да ги решиш проблемите? Зошто можеш да имаш доверба во пророштвата што се запишани во неа?

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Која е вистината за Бог?

Што мислиш, дали Бог се грижи за тебе лично? Дознај нешто повеќе за неговите особини и за тоа како можеш да се зближиш со него.