Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Добра вест од Бог!

 ЛЕКЦИЈА 11

Зошто библиските начела се за наше добро?

Зошто библиските начела се за наше добро?

1. Зошто ни е потребно водство во животот?

Зошто библиските начела нѐ поттикнуваат да преземеме мерки на претпазливост? (ПСАЛМ 36:9)

Нашиот Творец е помудар од нас. Тој е наш Татко кој многу нѐ сака и се грижи за нас. Освен тоа, не нѐ создал со намера да бидеме независни од него (Еремија 10:23). Затоа, како што на едно мало дете му се потребни поуките и советите од родителите, така и нам ни се потребни поуките и советите од Бог (Исаија 48:17, 18). Библиските начела ни даваат водство кое е дар од Бог. (Прочитај 2. Тимотеј 3:16.)

Законите и начелата од Јехова ни покажуваат како да водиме подобар живот сега и како можеме да добиеме вечен живот во иднина. Бидејќи Бог е тој што нѐ создал, сосема е на место со ценење да го прифатиме неговото водство. (Прочитај Псалм 19:7, 11; Откровение 4:11.)

2. Што се библиските начела?

Библиските начела се темелни вистини. Од друга страна, законите можат да се однесуваат само на конкретни ситуации (5. Мојсеева 22:8). Мора длабоко да размислуваме за да сфатиме како едно начело треба да се примени во некоја ситуација (Изреки 2:10-12). На пример, Библијата вели дека животот е дар од Бог. Ова начело може да нѐ води додека сме на работа, дома и додека патуваме. Нѐ поттикнува да преземеме мерки на претпазливост. (Прочитај Дела 17:28.)

3. Кои две начела се најважни?

Исус кажал кои две начела се најважни. Првото начело ја открива самата смисла на животот — да го запознаеме Бог, да го сакаме и верно да му служиме. Ова начело треба да го имаме на ум секогаш кога донесуваме одлуки (Изреки 3:6).  Оние што го применуваат се зближуваат со Бог, се чувствуваат среќни и ќе добијат вечен живот. (Прочитај Матеј 22:36-38.)

Второто начело ни помага да бидеме во добри односи со другите (1. Коринќаните 13:4-7). Кога го применуваме ова начело, постапуваме со луѓето онака како што постапува Бог со нив. (Прочитај Матеј 7:12; 22:39, 40.)

4. Зошто начелата од Библијата се за наше добро?

Библиските начела им помагаат на членовите на едно семејство да бидат блиски и да се сакаат (Колошаните 3:12-14). Во Божјата Реч има уште едно начело кое ги штити семејствата, а тоа е дека бракот треба да биде трајна врска. (Прочитај 1. Мојсеева 2:24.)

Тоа што живееме според библиските учења е за наше добро и во материјален и во емоционален поглед. На пример, работодавците честопати бараат работници кои се чесни и вредни затоа што се држат за начелата од Библијата (Изреки 10:4, 26; Евреите 13:18). Исто така, Божјата Реч нѐ учи да бидеме задоволни со она што е најнеопходно за живот, и пријателството со Бог да ни биде поважно од материјалните работи. (Прочитај Матеј 6:24, 25, 33; 1. Тимотеј 6:8-10.)

Ако живееме според библиските начела, може да си го зачуваме здравјето (Изреки 14:30; 22:24, 25). На пример, Божјиот закон против пијанството нѐ штити од смртоносни болести и од несреќи (Изреки 23:20). Јехова ни дозволува да пиеме алкохол, но во умерени количини (Псалм 104:15; 1. Коринќаните 6:10). Божјите начела се за наше добро затоа што ни помагаат да внимаваме не само на нашите постапки туку и на нашите мисли (Псалм 119:97-100). Сепак, вистинските христијани не се држат за Божјите мерила само затоа што се за нивно добро. Тоа го прават и за да го слават Јехова. (Прочитај Матеј 5:14-16.)

 

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Радувај го Бог со својот живот

Можно е да го радуваме Јехова со својот живот. Всушност, ти можеш да станеш негов пријател.

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Божјето гледиште за животот

Како гледа Бог на абортусот, на трансфузијата на крв и на животот на животните?

ЗА НАС

Побарај библиски курс

Проучувај ја Библијата во време и на место што тебе ти одговара.