Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Дали животот е Божје дело?

Дали е важно во што веруваш?

Дали е важно во што веруваш?

Дали сметаш дека животот има смисла? Еволуционистот Вилијам Провајн вели: „Нашите сознанија во врска со еволуцијата многу нѐ засегаат и влијаат врз нашето гледиште за смислата на животот“. Какво е неговото мислење? „Не гледам никаква причина зошто воопшто постојат човекот и вселената.“32

Размисли малку што значат овие зборови. Ако животот нема никаква смисла, тогаш и твојот живот не би имал никаква друга цел освен да се обидеш да направиш нешто добро и, можеби, да му ги пренесеш своите генетски карактеристики на следното поколение. Кога ќе умреш, засекогаш ќе престанеш да постоиш. Тоа би значело дека твојот мозок, со неговата способност да размислува, да донесува заклучоци и да ја бара смислата на животот, е само случаен производ на природата.

Но, тоа не е сѐ. Мнозина од оние што веруваат во еволуцијата тврдат дека Бог не постои или барем дека не се меша во она што го прават луѓето. Тоа би значело дека нашата иднина е во рацете на политичките, академските и верските водачи. Судејќи според нивните досегашни дела, во човечкото општество и понатаму би постоеле хаосот, конфликтите и корупцијата. Ако е точно дека сме настанале по пат на еволуција, тогаш имаме добра причина да живееме според фаталистичкото мото: „Да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме“ (1. Коринќаните 15:32).

Спротивно на тоа, Библијата вели: „Во [Бог] е изворот на животот“ (Псалм 36:9). Овие зборови имаат многу длабоко значење.

Ако е вистина она што го вели Библијата, тогаш животот има смисла. Нашиот Творец има прекрасна намера со сите што ќе одлучат да живеат во склад со неговата волја (Проповедник 12:13). Во таа намера е вклучено и ветувањето за живот во еден свет во кој нема да има хаос, конфликти и корупција, па дури ни смрт (Псалм 37:10, 11; Исаија 25:6-8).

Милиони луѓе во целиот свет со добра причина веруваат дека, ако учиме за Бог и ја вршиме неговата волја, нашиот живот ќе има вистинска смисла! (Јован 17:3). Ова верување не се темели на лековерност. Доказите се јасни — животот е Божје дело.

Нешто повеќе

РАЗБУДЕТЕ СЕ!

Дали постои Бог? Зошто е важно да го дознаеме одговорот?

Дали е важно да го дознаеш одговорот на прашањето за кое многумина мислат дека нема одговор или не е битно?

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Која е вистината за Бог?

Што мислиш, дали Бог се грижи за тебе лично? Дознај нешто повеќе за неговите особини и за тоа како можеш да се зближиш со него.