Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Божјето Царство владее!

Лево: една сестра пушта снимка од говор на брат Ратерфорд при крајот на 1930-тите, во Алабама (САД); десно: Швајцарија

 ПРВ ДЕЛ

Вистината за Царството — духовна храна во право време

Вистината за Царството — духовна храна во право време

 НА ИНТЕРЕСЕНТОТ му светнуваат очите кога сфаќа што значи стихот кој штотуку сте го прочитале заедно. Зачудено ти вели: „Сакаш да кажеш дека рајот ќе биде овде на Земјата и дека во него ќе може да живееме вечно?“ Братот што е дојден со тебе се насмевнува, и го прашува: „Па, што би заклучил ти на темел на она што го прочитавме сега од Библијата?“ Восхитен од она што го дознал, интересентот со неверување ја ниша главата, и вели: „Како е можно никој да не ми го кажал ова досега?“ Така реагирал и пред неколку седмици кога првпат си му прочитал од Библијата дека Божјето име е Јехова.

Веројатно и ти, како и многу Божји слуги, си доживеал нешто слично. Ваквата реакција на луѓето со кои разговараме во службата секогаш одново нѐ потсетува дека тоа што ја знаеме вистината е бесценет дар! Но, размисли за миг — како сме го добиле овој дар? Тоа прашање ќе биде разгледано во овој дел. Начинот на кој Божјите слуги постепено добивале духовно просветлување претставува јасен доказ дека Божјето Царство е вистинска влада. Веќе цел век, Царот на ова Царство, Исус Христос, прави сѐ што е потребно за Божјиот народ да биде поучен за вистината.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 3

Јехова ја открива својата намера

Дали во почетокот Царството било дел од Божјата намера? Како Исус фрлил светлина врз Царството?

ПОГЛАВЈЕ 4

Јехова го возвишува своето име

Што постигнало Царството во поглед на Божјето име? Како ти лично можеш да го светиш Јеховиното име?

ПОГЛАВЈЕ 5

Царот ја расветлува вистината за Царството

Божјите слуги стекнуваат појасно разбирање за Божјето Царство, за неговите владетели и поданици, и за тоа што значи да се биде лојален на Царството.