Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Божјето Царство владее!

Лево: хуманитарна помош која Сведоците од Швајцарија им ја испратиле на нашите браќа во Германија (1946); десно: повторно се гради една сала за состаноци во Јапонија која беше уништена од цунами во 2011 год.

 ШЕСТИ ДЕЛ

Поддршка за Царството — градежни проекти и акции за помош

Поддршка за Царството — градежни проекти и акции за помош

 ВЛЕГУВАШ во салата за состаноци и просто не можеш да ја препознаеш — претворена е во привремен центар за пружање помош. Твојот крај неодамна беше опустошен од разорни поплави, но Одборот на подружницата веднаш се погрижи да им се достават храна, облека, чиста вода и друга помош на настраданите браќа. Сите донирани работи се наредени, а браќата и сестрите влегуваат еден по еден за да го добијат она што им е потребно. Мнозина од нив ги бришат солзите кои им се слеваат по лицето од огромна благодарност. Иако отсекогаш си се гордеел со вашата Сала и можеби имаш пријатни спомени ако си помагал додека се градела, сега си восхитен што гледаш дека таа служи за уште една возвишена цел.

Исус рекол дека најзначајното обележје на неговите следбеници ќе биде нивната меѓусебна љубов (Јован 13:34, 35). Во овој дел ќе видиме како христијанската љубов меѓу Јеховините сведоци јасно се гледа во текот на нивните градежни проекти и акции за помош. Таа е силен доказ дека живееме под власта на месијанското Царство.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 18

Како се финансира делото за Царството

Од каде ги добиваме потребните материјални средства? Како се користат?

ПОГЛАВЈЕ 19

Градежни проекти кои му носат слава на Јехова

Иако салите за состаноци му носат слава на Бог, за него нешто друго е поважно од самите градби.

ПОГЛАВЈЕ 20

Помагање на соверниците — света служба во чест на Јехова

Од каде знаеме дека помагањето на браќата кои се во неволја е дел од нашата света служба за Јехова?