Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Божјето Царство владее!

Лево: еден брат е уапсен додека проповеда во Ајндховен (Холандија, 1945); десно: дали правото да проповедаш е заштитено со закон во твојата земја?

 ЧЕТВРТИ ДЕЛ

Правни победи на Царството — законска одбрана на добрата вест

Правни победи на Царството — законска одбрана на добрата вест

 ВО СЛУЖБАТА од куќа до куќа, започнуваш пријатен разговор со еден станар. Додека сведочиш, твојот соработник забележува дека веднаш зад вас се паркира полициска кола. Од неа излегува полицаец, кој ви приоѓа и вели: „Вие ли сте тие што одат по куќите и зборуваат за Библијата? Луѓето пријавија дека ги вознемирувате!“ Љубезно му објаснувате дека сте Јеховини сведоци. Што ќе се случи потоа?

Ова во голема мера ќе зависи од она што се случувало во твојата земја во минатото. Како се однесувале властите со Јеховините сведоци низ годините? Дали денес во твојата земја се почитува слободата на вероисповед? Ако да, тоа најверојатно е резултат на трудот на твоите духовни браќа и сестри кои со децении стрпливо се залагале ,да го бранат и законски да го потврдат правото да ја проповедаат добрата вест‘ (Фил. 1:7). Сеедно каде живееш, твојата вера може многу да се зајакне ако размислуваш за многуте правни победи што ги извојувале Јеховините сведоци. Во овој дел, ќе разгледаме некои судски одлуки кои биле од историско значење. Сите тие победи се непобитен доказ дека Царството е вистинска влада бидејќи ние никогаш не би можеле да ги извојуваме со свои сили.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 13

Законско потврдување на нашето право да проповедаме

Судиите во некои денешни високи судови имаат сличен став како Гамалиел, кој бил учител по Законот во првиот век.

ПОГЛАВЈЕ 14

Лојални само на Божјата влада

„Земјата“ неочекувано ја проголтала „реката“ од прогонство со кое се соочиле Јеховините сведоци поради нивната политичка неутралност.

ПОГЛАВЈЕ 15

Правни битки за слобода на вероисповед

Божјите слуги се бореле за своето право да бидат послушни на законот — законот на Божјето Царство.