Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што е Божјето Царство?

Што е Божјето Царство?

Што би рекол ти...

  • не знам?

  • црковен израз?

  • вистинска влада на небото?

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне“ (Даниел 2:44, Свето писмо — превод Нов свет).

„Царската власт над светот сега му припаѓа на нашиот Господар и на неговиот Христос“ (Откровение 11:15).

ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ОВА ЗА ТЕБЕ

  • Ќе живееш под праведна влада која ќе се грижи за твоето добро (Исаија 48:17, 18).

  • Наскоро Земјата ќе биде претворена во рај каде што ќе бидеш среќен и ќе имаш совршено здравје (Откровение 21:3, 4).

 МОЖЕМЕ ЛИ ДА Ѝ ВЕРУВАМЕ НА БИБЛИЈАТА?

Да, од најмалку две причини:

  • Исус покажал што ќе направи Божјето Царство. Исус ги поучил своите следбеници да се молат да дојде Божјето Царство и да се врши Божјата волја на Земјата (Матеј 6:9, 10). Исто така, покажал како ќе се оствари тоа.

    Додека бил на Земјата, Исус хранел гладни, лекувал болни и воскреснувал мртви! (Матеј 15:29-38; Јован 11:38-44). Исус, кој во иднина требало да биде поставен за Владетел на Божјето Царство, покажал какви прекрасни работи ќе направи тоа Царство за своите поданици (Откровение 11:15).

  • Настаните во светот потврдуваат дека Божјето Царство ќе дојде наскоро. Исус претскажал дека, пред Царството да воспостави мир на Земјата, во светот ќе беснеат војни и ќе има глад и земјотреси (Матеј 24:3, 7).

    Сето ова го гледаме со свои очи. Затоа, можеме да бидеме сигурни дека Божјето Царство наскоро ќе им стави крај на ваквите проблеми.

 РАЗМИСЛИ

Каков ќе биде животот кога ќе владее Божјето Царство?

Одговорот можеш да го најдеш во Библијата во ПСАЛМ 37:29 и во ИСАИЈА 65:21-23.