Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 102: Исус е жив

Приказна 102: Исус е жив

ДАЛИ знаеш која е жената и кои се овие двајца мажи? Жената е Марија Магдалена, која му била пријателка на Исус. А мажите во бела облека се ангели. Оваа малечка просторија во која гледа Марија е местото каде што било ставено телото на Исус откако тој умрел. Тоа се вика гробница. Но, сега телото го нема! Кој го зел? Да видиме.

Ангели зборуваат со Марија Магдалена

Откако Исус умрел, свештениците му рекле на Пилат: 'Додека беше жив, Исус рече дека ќе биде подигнат по три дена. Затоа, заповедај некој да ја чува гробницата. Тогаш неговите ученици не ќе можат да го украдат неговото тело и да речат дека бил подигнат од мртвите!‘ Пилат им рекол на свештениците да испратат војници за да ја чуваат гробницата.

Но, на третиот ден откако Исус умрел, многу рано, ненадејно дошол еден Јеховин ангел. Тој го отркалал каменот од гробницата. Војниците толку се исплашиле што не можеле да мрднат. На крајот, кога погледнале во гробницата, телото го немало! Некои од нив отишле во градот и им кажале на свештениците. Знаеш ли што направиле тие лоши свештеници? Им платиле на војниците за да лажат. 'Речете дека неговите ученици дошле ноќта, додека вие сте спиеле, и го украле телото‘, им рекле свештениците на војниците.

Во меѓувреме, некои пријателки на Исус дошле кај гробницата. Колку се изненадиле кога ја нашле празна! Одненадеж, се појавиле два ангела во сјајни облеки. 'Зошто го барате Исус овде?‘ — прашале тие. 'Тој воскресна. Одете брзо и кажете им на неговите ученици.‘ Жените навистина брзо отрчале! Но по патот ги запрел еден човек. Знаеш ли кој бил тој? Тоа бил Исус! 'Одете и кажете им на моите ученици‘, рекол тој.

Кога жените им кажале на учениците дека Исус е жив и дека го виделе, на учениците им било тешко да поверуваат. Петар и Јован отрчале до гробницата за да видат самите, но гробницата била празна! Кога Петар и Јован си заминале, Марија Магдалена останала зад нив. Тогаш погледнала внатре и ги видела двата ангела.

Знаеш ли што се случило со телото на Исус? Бог предизвикал тоа да исчезне. Бог не го воскреснал Исус да живее во телото од крв и месо во кое умрел. Му дал на Исус ново духовно тело, како што имаат ангелите на небото. Но, за да им покаже на своите ученици дека е жив, Исус можел да земе тело кое луѓето можеле да го видат, како што ќе учиме.

Матеј 27:62-66; 28:1-15; Лука 24:1-12; Јован 20:1-12.



Прашања

  • Која е жената на сликата, кои се двајцата мажи, и каде се наоѓаат?
  • Зошто Пилат им рекол на свештениците да испратат војници за да ја чуваат Исусовата гробница?
  • Што направил еден ангел рано на третиот ден откако Исус умрел, но што направиле свештениците?
  • Зошто некои жени се изненадиле кога дошле кај Исусовата гробница?
  • Зошто Петар и Јован отрчале до Исусовата гробница, и што виделе таму?
  • Што се случило со Исусовото тело, но што направил тој за да им покаже на учениците дека е жив?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Матеј 27:62-66 и 28:1-15.

    Како главните свештеници, фарисеите и старешините згрешиле против светиот дух кога воскреснал Исус? (Мат. 12:24, 31, 32; 28:11-15).

  • Прочитај Лука 24:1-12.

    Како извештајот за воскресението на Исус покажува дека Јехова ги смета жените за сведоци на кои може да им се верува? (Лука 24:4, 9, 10; Мат. 28:1-7).

  • Прочитај Јован 20:1-12.

    Како Јован 20:8, 9 ни помага да сфатиме дека е потребно да бидеме стрпливи ако не го разбираме во потполност исполнувањето на некое библиско пророштво? (Изр. 4:18; Мат. 17:22, 23; Лука 24:5-8; Јован 16:12).

Нешто повеќе

ИСУС — ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ

Воскреснатиот Исус им се појавил на многумина

Како Исус ги уверил учениците дека воскреснал?

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали Исус воскреснал во човечко или во духовно тело?

Библијата вели дека Исус бил „оживеан во духот“. Тогаш како можеле неговите ученици да го видат и да го допрат откако воскреснал?

СТРАЖАРСКА КУЛА

Што значат за тебе смртта и воскресението на Исус?

Шест библиски вистини ни откриваат како смртта на еден човек може да спаси многумина.