Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

7. дел: Од воскресението на Исус до затворањето на Павле

7. дел: Од воскресението на Исус до затворањето на Павле

На третиот ден откако умрел, Исус бил воскреснат. Тој ден им се појавил на своите следбеници пет пати во различно време. Исус продолжил да им се појавува 40 дена. Потоа, додека некои од неговите ученици го гледале, Исус се вознел на небото. Десет дена подоцна, Бог излеал свет дух врз Исусовите следбеници кои чекале во Ерусалим.

Подоцна, непријателите на Бог ги фрлиле апостолите в затвор, но еден ангел ги ослободил. Ученикот Стефан бил каменуван до смрт од страна на противниците. Но ќе дознаеме како Исус избрал еден од овие противници за да му биде посебен слуга, и тој станал апостол Павле. Потоа, три и пол години по смртта на Исус, Бог го испратил апостол Петар да им проповеда на Корнелиј и на неговото семејство, кои не биле Евреи.

Околу 13 години подоцна, Павле тргнал на своето прво проповедничко патување. На второто патување, му се придружил и Тимотеј. Ќе научиме како Павле и неговите придружници имале многу возбудливи доживувања во службата за Бог. На крајот, Павле бил затворен во Рим. Две години подоцна бил ослободен, но потоа повторно бил фрлен в затвор и убиен. Настаните од СЕДМИОТ дел се случувале во период од околу 32 години.

Савле е заслепен од силна светлина