Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 99: Во една горна соба

Приказна 99: Во една горна соба

ДВА дена подоцна, во четврток навечер, Исус и неговите 12 апостоли дошле во оваа голема горна соба за да го јадат пасхалниот оброк. Човекот што гледаш дека си заминува е Јуда Искариот. Тој оди да им каже на свештениците како да го фатат Исус.

Господаровата вечера

Само еден ден пред тоа, Јуда отишол кај нив и ги прашал: 'Што ќе ми дадете ако ви помогнам да го фатите Исус?‘ Тие рекле: 'Триесет сребреници‘. Затоа Јуда отишол да се сретне со тие луѓе за да може да ги одведе кај Исус. Зарем тоа не е страшно?

Пасхалната вечера завршила. Но Исус почнал една друга посебна вечера. Тој им подал на своите апостоли еден леб и рекол: 'Јадете од него, бидејќи ова го претставува моето тело кое треба да се даде за вас‘. Потоа им подал една чаша со вино и рекол: 'Пијте, бидејќи ова ја претставува мојата крв која треба да биде пролеана за вас‘. Библијата го нарекува ова 'Господаровата вечера‘.

Израелците ја јаделе Пасхата за да ги потсети на времето кога Божји ангел 'ги одминал‘ нивните куќи во Египет, а ги убил првородените во куќите на Египќаните. Но, сега Исус сакал неговите следбеници да се сеќаваат на него и на начинот на кој го дал својот живот за нив. И затоа тој им рекол да ја прославуваат таа посебна вечера секоја година.

Откако завршила Господаровата вечера, Исус им рекол на своите апостоли да бидат храбри и цврсти во верата. На крајот, му пееле песни на Бог и потоа заминале. Било многу доцна, веројатно по полноќ. Ајде да видиме каде отишле.

Матеј 26:14-30; Лука 22:1-39; Јован, поглавја 13-17; 1. Коринќаните 11:20.



Прашања

  • Зошто Исус и неговите 12 апостоли дошле во оваа голема горна соба, како што се гледа на сликата?
  • Кој е човекот што си заминува, и што ќе направи?
  • Каква посебна вечера почнал Исус откако завршила пасхалната вечера?
  • На кој настан ги потсетувала Пасхата Израелците, и на што ги потсетува оваа посебна вечера следбениците на Исус?
  • Што им рекол Исус на своите следбеници откако завршила Господаровата вечера, и што направиле тие?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Матеј 26:14-30.

    Како покажува Матеј 26:15 дека Јуда намерно го предал Исус?

    За кои две работи послужила Исусовата пролеана крв? (Мат. 26:27, 28; Ерем. 31:31-33; Еф. 1:7; Евр. 9:19, 20).

  • Прочитај Лука 22:1-39.

    Во која смисла Сатана влегол во Јуда? (Лука 22:3; Јован 13:2; Дела 1:24, 25).

  • Прочитај Јован 13:1-20.

    Дали Јуда може да биде обвинет за она што го направил ако се земе предвид извештајот од Јован 13:2, и која поука можат Божјите слуги да ја извлечат од тоа? (1. Мој. 4:7; 2. Кор. 2:11; Гал. 6:1; Јак. 1:13, 14).

    Кој особено добар пример го дал Исус? (Јован 13:15; Мат. 23:11; 1. Пет. 2:21).

  • Прочитај Јован 17:1-26.

    Во која смисла Исус се молел неговите следбеници да бидат "едно“? (Јован 17:11, 21-23; Рим. 13:8; 14:19; Кол. 3:14).

Нешто повеќе

ИСУС — ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ

Господаровата вечера

Исус ја воспоставил Спомен-свеченоста која неговите следбеници требало да ја одбележуваат секоја година на 14 нисан.