Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 93: Исус храни многу луѓе

Приказна 93: Исус храни многу луѓе

СЕ СЛУЧИЛО нешто страшно! Го убиле Јован Крстител. Иродијада, жената на царот, го мразела Јован. Таа успеала да го натера царот да му ја отсече главата.

Кога слушнал за тоа, Исус бил многу тажен. Тој отишол на едно осамено место. Но, народот тргнал по него. Кога го здогледал мноштвото луѓе, на Исус му паднало жал за нив. Затоа им зборувал за Божјето Царство и ги лечел болните.

Таа вечер неговите ученици дошле кај него и рекле: 'Веќе е доцна, а ова е осамено место. Испрати го народот да си купи храна во блиските села‘.

Исус храни многу луѓе

'Не мора да одат‘, одговорил Исус. 'Вие дајте им нешто да јадат.‘ Тогаш се свртел кон Филип и го прашал: 'Каде можеме да купиме доволно храна за да го нахраниме сиот овој народ?‘

'Ќе чини многу, многу пари за да купиме доволно храна за секој да има само по малку‘, одговорил Филип. Тогаш се јавил Андреј: 'Момчево има пет леба и две риби. Но, тоа е многу малку, нема да биде доволно за сиот овој народ‘.

'Кажете им на сите да седнат на тревата‘, рекол Исус. Тогаш му заблагодарил на Бог за храната и почнал да ја крши на парчиња. Потоа учениците му дале леб и риби на целиот народ. Имало 5.000 мажи и уште неколку илјади жени и деца. Сите тие јаделе додека не се наситиле. А кога учениците го собрале она што преостанало, имало 12 полни кошници!

Тогаш Исус им рекол на своите ученици да седнат во еден чамец и да преминат на другата страна од Галилејското Море. Во текот на ноќта, настанала голема бура и брановите го фрлале чамецот ваму-таму. Учениците многу се исплашиле. Тогаш, среде ноќта, виделе како некој оди кон нив по водата. Тие почнале да викаат од страв бидејќи не знаеле што гледаат.

'Не плашете се‘, рекол Исус. 'Тоа сум јас!‘ Тие сѐ уште не можеле да поверуваат. Затоа Петар им рекол: 'Ако си навистина ти, Господару, кажи ми да дојдам кај тебе по водата‘. Исус одговорил: 'Дојди!‘ И Петар излегол и одел по водата! Тогаш се исплашил и почнал да тоне, но Исус го спасил.

Подоцна, Исус повторно нахранил неколку илјади луѓе. Овојпат тоа го направил со седум леба и со неколку рипчиња. И повторно имало доволно за сите. Зарем не е прекрасен начинот на кој Исус се грижел за народот? Кога ќе владее како Божји цар, никогаш нема да мораме да бидеме загрижени за што и да е!

Матеј 14:1-32; 15:29-38; Јован 6:1-21.



Прашања

  • Што му се случило на Јован Крстител, и како се чувствувал Исус поради тоа?
  • Како Исус го нахранил мноштвото што го следело, и колку храна преостанала?
  • Зошто учениците се исплашиле во текот на ноќта, и што му се случило на Петар?
  • Како Исус повторно нахранил неколку илјади луѓе?
  • Зошто ќе биде прекрасно кога Исус ќе владее со Земјата како Цар поставен од Бог?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Матеј 14:1-32.

    Што ни открива извештајот од Матеј 14:23-32 за тоа каков човек бил Петар?

    Како библискиот запис ни кажува дека Петар станал зрел и повеќе не се однесувал брзоплето? (Мат. 14:27-30; Јован 18:10; 21:7; Дела 2:14, 37-40; 1. Пет. 5:6, 10).

  • Прочитај Матеј 15:29-38.

    Како Исус покажал почит кон материјалните работи што ги обезбедил неговиот Татко? (Мат. 15:37; Јован 6:12; Кол. 3:15).

  • Прочитај Јован 6:1-21.

    По примерот на Исус, како треба христијаните денес да се однесуваат кон властите? (Јован 6:15; Мат. 22:21; Рим. 12:2; 13:1-4)