Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 91: Исус поучува на една гора

Приказна 91: Исус поучува на една гора

ВИДИ ГО Исус како седи овде. Тој ги поучувал сите овие луѓе на една гора во Галилеја. Оние што седат најблиску до него се неговите ученици. Тој избрал 12 од нив да му бидат апостоли. Апостолите биле посебни ученици на Исус. Ги знаеш ли нивните имиња?

Исус поучува

Тоа биле Симон Петар и брат му Андреј. Потоа Јаков и Јован, кои исто така биле браќа. Уште еден апостол се викал Јаков, а друг, пак, го викале, исто така, Симон. Двајца апостоли се викале Јуда. Едниот бил Јуда Искариот, а другиот Јуда кого го викале и Тадеј. Потоа, Филип и Натанаел (кого го викале и Вартоломеј), Матеј и Тома.

По враќањето од Самарија, Исус за првпат започнал да проповеда: 'Близу е царството небесно‘. Знаеш ли што е тоа Царство? Тоа е една вистинска влада на Бог. Исус е нејзиниот цар. Тој ќе владее од небото и ќе донесе мир на Земјата. Преку Божјето Царство, целата Земја ќе биде претворена во еден убав рај.

На сликата гледаме како Исус ги поучува луѓето за Царството. 'Вака треба да се молите‘, објаснил тој. 'Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое. Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата.‘ Многу луѓе ја нарекуваат оваа молитва 'Господарова молитва‘. Други, пак, ја нарекуваат 'Оче наш‘. Можеш ли да ја кажеш целата молитва?

Исус, исто така, ги поучувал луѓето како треба да постапуваат еден со друг. 'Прави им го на другите она што сакаш тие да ти го прават тебе‘, рекол тој. Зарем не ти се допаѓа кога другите постапуваат со тебе на љубезен начин? Затоа, Исус рекол дека ние треба љубезно да постапуваме со другите луѓе. Зарем нема да биде прекрасно на рајската Земја кога секој ќе постапува на таков начин?

Матеј, поглавја 5-7; 10:1-4.



Прашања

  • Каде поучувал Исус, и кои се тие на сликата што седат најблиску до него?
  • Како се викале 12-те апостоли?
  • Што е Царството за кое проповедал Исус?
  • За што ги поучувал Исус луѓето да се молат?
  • Што рекол Исус за тоа како треба луѓето да постапуваат еден со друг?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Матеј 5:1-12.

    На кој начин настојуваме да ги задоволиме своите духовни потреби? (Мат. 5:3; Рим. 10:13-15; 1. Тим. 4:13, 15, 16).

  • Прочитај Матеј 5:21-26.

    Како Матеј 5:23, 24 истакнува дека нашиот однос со христијанските браќа влијае врз нашиот однос со Јехова? (Мат. 6:14, 15; Пс. 133:1; Кол. 3:13; 1. Јов. 4:20).

  • Прочитај Матеј 6:1-8.

    Наведи некои облици на самоправедност што христијаните треба да ги одбегнуваат. (Лука 18:11, 12; 1. Кор. 4:6, 7; 2. Кор. 9:7).

  • Прочитај Матеј 6:25-34.

    Според поуките на Исус, зошто треба да имаме доверба дека Јехова ќе ги задоволи нашите материјални потреби? (2. Мој. 16:4; Пс. 37:25; Фил. 4:6).

  • Прочитај Матеј 7:1-11.

    Што учиме од живописната споредба што се наоѓа во Матеј 7:5? (Изр. 26:12; Рим. 2:1; 14:10; Јак. 4:11, 12).

Нешто повеќе

ИСУС — ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ

Проповедта на гората

Прочитај што значеле некои од поважните поуки што Исус ги кажал во својата проповед.