Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 89: Исус го чисти храмот

Приказна 89: Исус го чисти храмот

ИСУС на сликата навистина изгледа лут, нели? Знаеш ли зошто бил толку лут? Затоа што овие луѓе во Божјиот храм во Ерусалим биле многу алчни. Тие се обидувале да заработат многу пари од народот кој доаѓал таму за да му се поклони на Бог.

Исус ги превртува масите со пари

Ги гледаш ли сите тие бикови, овци и гулаби? Луѓето ги продавале овие животни токму во храмот! Знаеш ли зошто? Затоа што на Израелците им биле потребни животни и птици за да му ги жртвуваат на Бог.

Според Божјиот закон, секој Израелец, кога ќе направел нешто лошо, требало да му даде жртва на Бог. А Израелците морале да даваат жртви и од други причини. Но, од каде можел еден Израелец да земе птици и животни за да му ги жртвува на Бог?

Некои Израелци имале свои птици и животни, па можеле нив да ги принесат. Но многу Израелци немале ниту животни ниту птици. Трети, пак, живееле толку далеку од Ерусалим што не можеле да донесат животни во храмот. Затоа луѓето доаѓале таму и ги купувале животните или птиците што им биле потребни. Но, трговците барале од народот премногу пари. Тие го мамеле народот. Освен тоа, не требало да продаваат во самиот Божји храм.

Поради тоа, Исус многу се налутил. Затоа им ги превртел масите на трговците, и парите се растуриле насекаде. Исто така, направил камшик од јажиња и ги истерал сите животни од храмот. На луѓето кои продавале гулаби им заповедал: 'Носете ги одовде! Престанете да правите од домот на мојот Татко место за заработка на многу пари‘.

Некои од Исусовите следбеници биле со него во храмот во Ерусалим. Тие биле изненадени кога виделе што направил Исус. Тогаш се сетиле на местото во Библијата каде што за Божјиот Син се вели: 'Љубовта кон Божјиот дом ќе гори во него како оган‘.

Додека бил во Ерусалим на Пасхата, Исус направил многу чуда. Потоа, ја напуштил Јудеја и тргнал да се врати во Галилеја. Но, на патот поминал низ областа Самарија. Да видиме што се случило таму.

Јован 2:13-25; 4:3, 4.



Прашања

  • Зошто се продавале животни во храмот?
  • Зошто Исус многу се налутил?
  • Што направил Исус, како што можеш да видиш на сликата, и што им заповедал на луѓето кои продавале гулаби?
  • На што се сетиле Исусовите следбеници кога виделе што направил Исус?
  • Низ која област поминал Исус кога се враќал во Галилеја?

Дополнително прашање

  • Прочитај Јован 2:13-25.

    Ако имаме на ум дека Исус бил многу лут на менувачите на пари во храмот, каков став треба да имаме кон продавањето и купувањето во Салата на Царството? (Јован 2:15, 16; 1. Кор. 10:24, 31-33).

Нешто повеќе

ИСУС — ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ

Ревноста за Божјиот дом

Со оглед на тоа што Божјиот закон дозволувал луѓето да купуваат животни за жртва, зошто Исус се разгневил кога ги видел трговците во храмот?

УЧИМЕ НИЗ СЛИКИ

Исус во храмот

Прочитај за овој настан во Библијата и најди ги четирите работи што се погрешни на сликата.