Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 86: Луѓе водени од една ѕвезда

Приказна 86: Луѓе водени од една ѕвезда
Познавачи на ѕвезди

МОЖЕШ ЛИ да ја видиш сјајната ѕвезда на која покажува еден од овие луѓе? Ѕвездата се појавила кога тие го напуштиле Ерусалим. Овие луѓе дошле од исток и ги проучувале ѕвездите. Тие верувале дека таа нова ѕвезда ги води до некој што е важен.

Кога стигнале во Ерусалим, луѓето прашале: 'Каде е детето кое треба да биде цар на Евреите?‘ "Евреи“ е друго име за Израелци. 'Ѕвездата на детето ја видовме за првпат кога бевме на исток‘, рекле луѓето, 'па дојдовме да му се поклониме.‘

Кога слушнал за тоа, Ирод, кој бил цар во Ерусалим, се вознемирил. Тој не сакал некој друг да биде цар наместо него. Затоа Ирод ги повикал свештеничките поглавари и ги прашал: 'Каде ќе се роди ветениот цар?‘ Тие одговориле: 'Библијата вели во Витлеем‘.

Затоа Ирод ги повикал луѓето кои дошле од исток и им рекол: 'Одете и побарајте го детето. Кога ќе го најдете, кажете ми. И јас сакам да одам и да му се поклонам‘. Но, всушност, Ирод сакал да го најде детето и да го убие!

Потоа ѕвездата се движела пред луѓето до Витлеем и застанала над местото каде што било детето. Кога влегле во куќата, луѓето ги нашле Марија и малиот Исус. Тие извадиле подароци и му ги дале на Исус. Но, подоцна, Јехова ги предупредил на сон да не одат кај Ирод. Затоа се вратиле во својата земја по друг пат.

Кога дознал дека луѓето од исток си заминале дома, Ирод многу се разлутил. Затоа дал заповед да бидат убиени сите машки деца во Витлеем кои имале од две години надолу. Но Јехова предвреме го предупредил Јосиф на сон, па Јосиф заминал со своето семејство во Египет. Подоцна, кога дознал дека Ирод умрел, Јосиф ги зел Марија и Исус, и се вратил во Назарет. Таму Исус пораснал.

Што мислиш, кој предизвикал да свети таа нова ѕвезда? Па, сети се дека, откако ја виделе ѕвездата, луѓето прво отишле во Ерусалим. Сатана Ѓаволот сакал да го убие Божјиот Син и знаел дека царот Ирод од Ерусалим ќе се обиде да го убие. Затоа мора да бил Сатана тој што предизвикал да свети таа ѕвезда.

Матеј 2:1-23; Михеј 5:2.



Прашања

  • Кои се луѓето на сликата, и зошто еден од нив покажува кон сјајната ѕвезда?
  • Зошто царот Ирод се вознемирил, и што направил?
  • Каде ги одвела сјајната ѕвезда тие луѓе, но зошто се вратиле во својата земја по друг пат?
  • Каква заповед дал Ирод, и зошто?
  • Што му рекол Јехова на Јосиф да направи?
  • Кој предизвикал да свети таа нова ѕвезда, и зошто?

Дополнително прашање

  • Прочитај Матеј 2:1-23.

    Колку години имал Исус и каде живеел кога го посетиле астролозите? (Мат. 2:1, 11, 16).

Нешто повеќе

ИСУС — ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ

Кај Исус дошле астролози

Зошто ѕвездата што ја виделе астролозите на Исток најпрво ги одвела кај цар Ирод, кој сакал да го убие Исус?