Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

5. дел: Од заробеништвото во Вавилон до повторната изградба на ерусалимските ѕидишта

5. дел: Од заробеништвото во Вавилон до повторната изградба на ерусалимските ѕидишта

Додека Израелците биле заробени во Вавилон, нивната вера честопати била на испит. Седрах, Мисах и Авденаго биле фрлени во вжарена печка, но Бог ги извадил живи од неа. Подоцна, откако Вавилон бил поразен од страна на Медијците и Персијците, Даниел бил фрлен во лавовска јама, но Бог го заштитил и него, затворајќи им ги устите на лавовите.

На крајот, персискиот цар Кир ги ослободил Израелците. Тие се вратиле во својата родна земја точно по 70 години откако биле одведени во Вавилон како затвореници. Една од првите работи што ја направиле кога се вратиле во Ерусалим била таа што почнале да го градат Јеховиниот храм. Меѓутоа, непријателите по кратко време ја запреле нивната работа. Затоа, поминале околу 22 години откако се вратиле во Ерусалим, и дури тогаш сосема го завршиле храмот.

Како следно, учиме за враќањето на Езра во Ерусалим за да го украси храмот. Ова се случило околу 47 години откако бил завршен храмот. Тогаш, 13 години по враќањето на Езра, Неемија помогнал повторно да се изградат урнатите ѕидишта на Ерусалим. ПЕТТИОТ дел опфаќа 152 години од историјата.

Езра и народот се молат