Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 75: Четири момчиња во Вавилон

Приказна 75: Четири момчиња во Вавилон

ЦАРОТ Навуходоносор ги одвел во Вавилон сите најучени Израелци. Потоа царот ги избрал меѓу нив најубавите и најпаметните момчиња. Четворица од нив ги гледаш на сликата. Едниот е Даниел, а другите тројца Вавилонците ги викале Седрах, Мисах и Авденаго.

Навуходоносор планирал да ги научи тие момчиња како да служат во неговата палата. По три години учење, тој ги избрал само најпаметните за да му помагаат кога ќе решава проблеми. Царот сакал момчињата да бидат јаки и здрави додека биле на школување. Затоа им заповедал на своите слуги да им даваат на сите нив од истите избрани јадења и вино што ги добивале тој и неговото семејство.

Даниел, Седрах, Мисах и Авденаго објаснуваат во што веруваат

Види го младиот Даниел. Знаеш ли што му вели тој на Асвеназ, кој бил главниот слуга на Навуходоносор? Даниел му вели дека не сака да јаде од избраните јадења од царската трпеза. Но Асвеназ бил загрижен. 'Царот одреди што треба да јадете и да пиете‘, му рекол тој. 'Ако не изгледате исто толку здрави како другите момци, може да ме убие.‘

Затоа Даниел отишол кај чуварот кого Асвеназ го задолжил да ги надгледува него и неговите тројца пријатели. 'Те молиме, испитај нѐ 10 дена‘, му рекол тој. 'Давај ни зеленчук да јадеме и вода да пиеме. Потоа спореди нѐ со другите момчиња кои јадат од царската храна и види кој изгледа подобро.‘

Чуварот се согласил со тоа. Кога поминале 10-те дена, Даниел и неговите пријатели изгледале поздрави од сите други момчиња. Затоа чуварот им дозволил да продолжат да јадат зеленчук наместо храната што ја давал царот.

На крајот од трите години, сите млади мажи ги одвеле кај Навуходоносор. Откако разговарал со сите нив, царот увидел дека Даниел и тројцата негови пријатели биле најпаметни. Затоа ги задржал во палатата да му помагаат. А кога царот им поставувал прашања на Даниел, Седрах, Мисах и Авденаго или им задавал тешки проблеми, тие знаеле 10 пати повеќе од сите негови свештеници или мудреци.

Даниел 1:1-21.



Прашања

  • Кои се четирите момчиња на сликата, и зошто се во Вавилон?
  • Какви планови имал Навуходоносор за четирите момчиња, и што им заповедал на своите слуги?
  • Каква храна и каков пијалак побарал Даниел за себе и за своите тројца пријатели?
  • Откако јаделе зеленчук десет дена, како изгледале Даниел и неговите тројца пријатели во споредба со другите момчиња?
  • Како дошло до тоа Даниел и неговите тројца пријатели да служат во палатата на царот, и на кој начин тие биле подобри од свештениците и мудреците?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Даниел 1:1-21.

    Каков напор е потребен ако сакаме да одолееме на искушенијата и да ги надминеме слабостите? (Дан. 1:8; 1. Мој. 39:7, 10; Гал. 6:9).

    Што би можело денес да ги искуша младите или да ги наведе да си дозволат нешто што другите го сметаат за 'избрано‘? (Дан. 1:8; Изр. 20:1; 2. Кор. 6:17—7:1).

    Што учиме од библискиот извештај за четворицата млади Евреи во врска со световното образование? (Дан. 1:20; Иса. 54:13; 1. Кор. 3:18-20).

Нешто повеќе

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 79: Даниел во лавовска јама

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 77: Тие не сакаат да се поклонат