Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 68: Две деца кои оживеале

Приказна 68: Две деца кои оживеале

ДА СИ УМРЕЛ, како би се чувствувала мајка ти кога би оживеал? Би била пресреќна! Но, може ли некој што умрел да живее повторно? Дали се случило такво нешто порано?

Погледни ги овде човекот, жената и детето. Човекот е пророкот Илија. Жената е една вдовица од градот Сарепта, а детето е нејзиниот син. Еден ден детето се разболело. Му станувало сѐ полошо, и на крајот умрело. Илија тогаш ѝ рекол на жената: 'Дај ми го син ти‘.

Илија со вдовицата и нејзиниот воскреснат син

Илија го однел мртвото дете на горниот кат и го легнал на креветот. Потоа се помолил: 'О Јехова, оживеј го ова дете‘. И тоа почнало да диши! Тогаш Илија го однел детето долу и ѝ рекол на жената: 'Еве, син ти е жив!‘ Ете затоа мајката е толку среќна.

Друг важен пророк на Јехова се викал Елисеј. Тој му служел на Илија како помошник. Но, подоцна Јехова го користел и Елисеј да прави чуда. Еден ден Елисеј отишол во градот Сунам каде што една жена била многу добра кон него. Подоцна оваа жена родила машко дете.

Едно утро, откако потпораснало, детето отишло кај татко си, кој работел во полето. Наеднаш почнало да вика: 'Главата ме боли!‘ Откако го однеле дома, умрело. Мајка му била многу, многу тажна. Таа веднаш отишла и го викнала Елисеј да дојде.

Кога пристигнал, Елисеј влегол во собата кај мртвото дете. Му се помолил на Јехова и легнал врз телото. По кратко време, телото на детето се стоплило, па тоа кивнало седумпати. Колку била среќна мајка му кога дошла и видела дека детето ѝ е живо!

Досега умреле голем број луѓе. Ова многу ги растажило нивните семејства и пријателите. Ние немаме моќ да оживуваме мртви. Но Јехова има. Подоцна ќе научиме како ќе бидат оживеани многу милиони луѓе.

1. Царевите 17:8-24; 2. Царевите 4:8-37.


Прашања

  • Кои се тројцата луѓе на сликата, и што му се случило на детето?
  • За што се молел Илија во врска со детето, и што се случило потоа?
  • Како се викал помошникот на Илија?
  • Зошто Елисеј бил повикан во куќата на жената од Сунам?
  • Што направил Елисеј, и што се случило со мртвото дете?
  • Каква моќ има Јехова, според она што го покажал преку Илија и Елисеј?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 1. Царевите 17:8-24.

    Како биле испитани послушноста и верата на Илија? (1. Цар. 17:9; 19:1-4, 10).

    Зошто била впечатлива верата на вдовицата од Сарепта? (1. Цар. 17:12-16; Лука 4:25, 26).

    На кој начин искуството на вдовицата од Сарепта ја потврдува вистинитоста на Исусовите зборови запишани во Матеј 10:41, 42? (1. Цар. 17:10-12, 17, 23, 24).

  • Прочитај 2. Царевите 4:8-37.

    Што учиме за гостољубивоста од жената од Сунам? (2. Цар. 4:8; Лука 6:38; Рим. 12:13; 1. Јов. 3:17).

    На кои начини можеме да им направиме нешто добро на Божјите слуги денес? (Дела 20:35; 28:1, 2; Гал. 6:9, 10; Евр. 6:10).

Нешто повеќе

ОЖИВЕЈ СИ ГИ БИБЛИСКИТЕ НАСТАНИ

Застапувај го вистинскиот Бог!

На кои подрачја од животот би можел уште похрабро да го застапуваш вистинскиот Бог?