Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 60: Авигеја и Давид

Приказна 60: Авигеја и Давид

ЗНАЕШ ЛИ која е оваа убава жена што доаѓа кај Давид? Се вика Авигеја. Таа била разумна и го спречила Давид да направи нешто лошо. Но, пред да дознаеме малку повеќе за тоа, да видиме што се случило со Давид.

Откако побегнал од Саул, Давид се криел во една пештера. Неговите браќа и останатите од неговото семејство му се придружиле. Сѐ на сѐ, околу 400 луѓе дошле кај него, и Давид им станал водач. Давид потоа отишол кај царот на Моав и му рекол: 'Те молам, дозволи им на татко ми и мајка ми да останат кај тебе додека да видам што ќе се случи со мене‘. Подоцна Давид и неговите луѓе почнале да се кријат по планините.

По овие настани, Давид ја сретнал Авигеја. Нејзиниот маж Навал бил богат земјопоседник. Тој имал 3.000 овци и 1.000 кози. Навал бил лош човек. А неговата жена Авигеја била многу убава. Исто така, знаела како да постапи исправно. Еднаш дури го спасила своето семејство. Да видиме како.

Давид и неговите луѓе биле добри кон Навал. Му помагале да ги заштити своите овци. Еден ден, Давид испратил неколку свои луѓе да го замолат Навал за услуга. Давидовите луѓе дошле кај Навал додека тој и неговите помошници ги стрижеле овците. Тоа било како празник, па Навал имал голем број вкусни јадења. Давидовите луѓе му го рекле следново: 'Ние бевме добри кон тебе. Не ти украдовме ниту една овца, туку ти помагавме да ги чуваш. Сега, те молиме, дај ни малку храна‘.

'Нема да им дадам од својата храна на луѓе како вас‘, рекол Навал. Тој зборувал на еден многу злобен начин и кажал лоши работи за Давид. Кога луѓето се вратиле и му го кажале тоа на Давид, тој многу се налутил. 'Препашете ги мечевите!‘ — им рекол на луѓето. И тие тргнале да ги убијат Навал и неговите луѓе.

Еден од Наваловите луѓе, кој ги слушнал злобните зборови на Навал, ѝ кажал на Авигеја што се случило. Авигеја веднаш подготвила храна, ја натоварила на неколку магариња и тргнала на пат. Кога го сретнала Давид, се симнала од магарето, се поклонила и рекла: 'Те молам, господару, не обрнувај му внимание на мојот маж Навал. Тој е безумен и прави безумни работи. Ви носам подарок. Те молам, земи го и прости ни за она што се случило‘.

Авигеја му носи храна на Давид

'Ти си мудра жена‘, одговорил Давид. 'Ти ме спречи да го убијам Навал за да му вратам за неговата злоба. Сега оди си дома во мир.‘ Подоцна, кога Навал умрел, Авигеја му станала жена на Давид.

1. Самоилова 22:1-4; 25:1-43.



Прашања

  • Како се вика жената на сликата, која доаѓа кај Давид, и каква личност е таа?
  • Кој бил Навал?
  • Зошто Давид испратил некои од своите луѓе да го замолат Навал за услуга?
  • Што им рекол Навал на Давидовите луѓе, и како реагирал Давид?
  • Како покажала Авигеја дека била мудра жена?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 1. Самоилова 22:1-4.

    Како семејството на Давид дало одличен пример за тоа како треба да се поддржуваме меѓусебно во христијанското братство? (Изр. 17:17; 1. Сол. 5:14).

  • Прочитај 1. Самоилова 25:1-43.

    Зошто Навал е опишан како лош човек? (1. Сам. 25:2-5, 10, 14, 21, 25).

    Што можат да научат денешните мажени христијанки од примерот на Авигеја? (1. Сам. 25:32, 33; Изр. 31:26; Еф. 5:24).

    Кои две лоши работи ќе ги направел Давид ако не го спречила Авигеја? (1. Сам. 25:31, 33; Рим. 12:19; Еф. 4:26).

    Како начинот на кој Давид реагирал на зборовите на Авигеја им помага на денешните мажи да го имаат истиот став кон жените што го има и Јехова? (Дела 21:8, 9; Рим. 2:11; 1. Пет. 3:7).