Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 54: Најсилниот човек

Приказна 54: Најсилниот човек

ЗНАЕШ ЛИ како се викал најсилниот човек кој некогаш живеел? Се викал Самсон и бил судија. Таа сила му ја дал Јехова. Уште пред да се роди Самсон, Јехова ѝ кажал на мајка му: 'Наскоро ќе родиш син. Тој ќе биде главниот што ќе го спаси Израел од Филистејците‘.

Самсон се бори со лав

Филистејците биле лоши луѓе кои живееле во Ханаан. Тие имале многу војници и навистина им правеле лоши работи на Израелците. Еднаш, додека Самсон одел таму каде што живееле Филистејците, му излегол еден голем разрикан лав. Но Самсон го убил лавот со голи раце. Тој исто така убил и стотици лоши Филистејци.

Подоцна Самсон се заљубил во една жена, која се викала Делила. Филистејските водачи ѝ ветиле на Делила дека секој од нив ќе ѝ даде по 1.100 сребрени пари ако им каже од каде има Самсон толкава сила. Делила сакала да ги добие сите тие пари. Таа не му била вистински пријател на Самсон, и не го сакала Божјиот народ. Затоа постојано го прашувала Самсон од каде му е големата сила.

Делила и Самсон

На крајот, Делила успеала да го натера Самсон да ѝ ја открие тајната за неговата сила. 'Мојата коса никогаш не била исечена‘, ѝ рекол тој. 'Откако сум роден, Бог ме избра да му бидам посебен слуга наречен назареец. Ако ми ја истрижат косата, ќе ја изгубам силата.‘

Кога го дознала тоа, Делила го успала Самсон во својот скут. Потоа викнала еден човек да дојде и да му ја исече косата. Кога се разбудил, Самсон ја изгубил силата. Тогаш дошле Филистејците и го заробиле. Му ги извадиле двете очи и го направиле свој роб.

Самсон ги турка столбовите

Еден ден, Филистејците направиле голема прослава за да му се клањаат на својот бог Дагон. На тој ден го извадиле Самсон од затворот за да му се смеат. Во меѓувреме, на Самсон повторно му пораснала косата. Самсон му рекол на момчето што го водело за рака: 'Пушти ме да ги допрам столбовите на кои стои зградава‘. Тогаш Самсон му се помолил на Јехова да му даде сила и почнал да ги турка столбовите, викајќи: 'Дозволи ми да умрам со Филистејциве‘. На прославата биле присутни 3.000 Филистејци. Кога Самсон се потпрел на столбовите, зградата паднала и ги убила сите тие лоши луѓе.

Судиите, поглавја 13-16.



Прашања

  • Како се викал најсилниот човек кој некогаш живеел, и кој му ја дал таа сила?
  • Што му направил еднаш Самсон на еден голем лав, како што можеш да видиш на сликата?
  • Која тајна ѝ ја кажува Самсон на Делила на сликата, и како тоа било причина да го заробат Филистејците?
  • На кој начин Самсон убил 3.000 непријателски Филистејци на денот кога умрел и самиот тој?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Судиите 13:1-14.

    Како Маној и неговата жена се добар пример за родителите во врска со одгледувањето на децата? (Суд. 13:8; Пс. 127:3; Еф. 6:4).

  • Прочитај Судиите 14:5-9 и 15:9-16.

    Што откриваат за дејствувањето на Јеховиниот свет дух извештаите за Самсон кога го убил лавот, кога ги скинал новите јажиња со кои бил врзан и кога со магарешка челуст убил 1.000 луѓе?

    На кој начин светиот дух ни помага нам денес? (Суд. 14:6; 15:14; Зах. 4:6; Дела 4:31).

  • Прочитај Судиите 16:18-31.

    Како влијаело врз Самсон лошото друштво, и што можеме да научиме од тоа? (Суд. 16:18, 19; 1. Кор. 15:33).