Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 47: Крадец во Израел

Приказна 47: Крадец во Израел
Ахан ги крие работите што ги украл

ВИДИ што закопува овој човек во својот шатор! Една убава наметка, златна шипка и неколку парчиња сребро. Ги зел од градот Ерихон. Но што требало да направи со работите од Ерихон? Се сеќаваш ли?

Некои работи требало да бидат уништени, а златото и среброто требало да бидат предадени во ризницата на Јеховиниот свет шатор. Значи, овие луѓе му биле непослушни на Бог. Го украле она што му припаѓало на Бог. Човекот се вика Ахан, а тие што му помагаат се членови на неговото семејство. Да видиме што се случило потоа.

Откако Ахан ги украл тие работи, Исус Навин испратил некои луѓе да се борат против градот Гај. Но непријателите ги победиле во битката. Некои биле убиени, а останатите побегнале. Исус Навин бил многу тажен. Легнал на земја со лицето свртено надолу и му се молел на Јехова: 'Зошто дозволи да ни се случи ова?‘

Јехова му одговорил: 'Стани! Израел направи грев. Тие зедоа неколку работи што требаше да ги уништат или да ги предадат во Јеховиниот свет шатор. Украдоа една убава наметка, па ја скрија. Нема да ве благословам додека не ја уништите наметката, како и оној што ги зеде тие работи‘. Јехова му рекол на Исус Навин дека ќе му покаже кој е тој лош човек.

Затоа Исус Навин го собрал целиот народ на едно место, и Јехова го покажал лошиот човек Ахан. Ахан рекол: 'Згрешив. Видов една убава наметка, една шипка злато и неколку парчиња сребро. Толку многу сакав да ги имам што ги зедов. Ќе ги најдете закопани во мојот шатор‘.

Кога луѓето што ги испратил ги нашле тие работи и му ги донеле на Исус Навин, тој му рекол на Ахан: 'Зошто ни нанесе неволја? Сега Јехова ќе ти нанесе неволја тебе!‘ Тогаш целиот народ фрлал камења врз Ахан и неговото семејство додека не умреле. Зарем тоа не покажува дека никогаш не треба да земеме нешто што не е наше?

Потоа, Израелците повторно отишле да се борат против Гај. Но, тогаш Јехова им помогнал, и победиле во битката.

Исус Навин 7:1-26; 8:1-29.



Прашања

  • Кој е човекот на сликата што ги закопува вредните работи земени од Ерихон, и кои се тие што му помагаат?
  • Зошто е толку сериозно тоа што го направиле Ахан и неговото семејство?
  • Што рекол Јехова кога Исус Навин прашал зошто Израелците биле победени во битката кај Гај?
  • Што се случило со Ахан и со неговото семејство кога ги довеле пред Исус Навин?
  • Која важна поука ја извлекуваме од пресудата над Ахан?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Исус Навин 7:1-26.

    Што откриваат молитвите на Исус Навин за неговиот однос со својот Творец? (Ис. Нав. 7:7-9; Пс. 119:145; 1. Јов. 5:14).

    Што покажува примерот на Ахан, и какво предупредување е тоа за нас? (Ис. Нав. 7:11, 14, 15; Изр. 15:3; 1. Тим. 5:24; Евр. 4:13).

  • Прочитај Исус Навин 8:1-29.

    Ако знаеме дека некој во собранието прави грев, што мора да направи секој од нас? (Ис. Нав. 7:13; 3. Мој. 5:1; Изр. 28:13).