Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 36: Златното теле

Приказна 36: Златното теле

О, НЕ! Што прави народот? Му се молат на едно теле! Но, зошто го прават тоа?

Кога Мојсеј се задржал на планината подолго време, народот рекол: 'Не знаеме што му се случило на Мојсеј. Затоа, да направиме бог кој ќе нѐ изведе од оваа земја!‘

Мојсеј ги фрлил двете камени плочи

'Добро‘, рекол Мојсеевиот брат Арон. 'Симнете ги златните обетки и донесете ми ги.‘ Кога народот го сторил тоа, Арон ги стопил и од нив направил златно теле. А народот рекол: 'Ова е нашиот Бог, кој нѐ изведе од Египет!‘ Потоа Израелците направиле голема забава и му се клањале на златното теле.

Кога го видел тоа, Јехова многу се налутил. Затоа му рекол на Мојсеј: 'Брзо слези долу. Народот се расипа. Ги заборавија моите закони и се клањаат на едно златно теле‘.

Луѓе се клањаат на златно теле

Мојсеј брзо слегол од планината. А кога слегол, имал што да види! Народот пеел и играл околу златното теле! Мојсеј бил толку лут што ги фрлил двете камени плочи со законот, и тие се скршиле на многу, многу парченца. Потоа го зел златното теле, го стопил и го столчил во прав.

Народот направил нешто многу лошо. Затоа Мојсеј им рекол на некои мажи да ги земат своите мечеви. 'Лошите луѓе кои му се поклонуваа на златното теле мора да умрат‘, им рекол Мојсеј. И така, тие мажи убиле 3.000 луѓе! Зарем ова не покажува дека и ние треба да го почитуваме само Јехова, а не некој лажен бог?

2. Мојсеева 32:1-35.



Прашања

  • Што прави народот на сликата, и зошто?
  • Зошто Јехова бил лут, и што сторил Мојсеј кога видел што прави народот?
  • Што им рекол Мојсеј на некои мажи да направат?
  • Каква поука треба да извлечеме од оваа приказна?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 2. Мојсеева 32:1-35.

    На кој начин овој извештај покажува каков став има Јехова кон мешањето на лажната религија со вистинската? (2. Мој. 32:4-6, 10; 1. Кор. 10:7, 11).

    На што треба да внимаваат христијаните кога избираат забава, како што се пеењето и танцувањето? (2. Мој. 32:18, 19; Еф. 5:15, 16; 1. Јов. 2:15-17).

    Како примерот на племето на Леви добро покажува што значи тоа да се брани праведноста? (2. Мој. 32:25-28; Пс. 18:25).