Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 34: Нов вид храна

Приказна 34: Нов вид храна

ЗНАЕШ ЛИ што собираат луѓето од земјата? Изгледа како слана. Бело е и фино и личи на снегулки. Но не е слана, туку нешто за јадење.

Израелците собираат мана

Не поминал ни цел месец откако Израелците излегле од Египет и дошле во пустината. Во пустината немало многу храна, па затоа луѓето се жалеле: 'Подобро Јехова да нѐ убиеше во Египет! Таму барем имавме храна колку што сакавме!‘

Затоа Јехова им рекол: 'Ќе пуштам да ви паѓа храна од небото‘. И токму тоа го направил. Следното утро, кога го виделе тоа бело нешто кое паднало од небото, почнале да се прашуваат еден со друг: 'Што е ова?‘

Мојсеј рекол: 'Ова е храната што ви ја дава Јехова за да јадете‘. И луѓето ја нарекле МАНА. Таа имала вкус на тенки медени колачиња.

'Треба да собирате онолку колку што може да изеде секој од вас‘, му рекол Мојсеј на народот. Затоа, секое утро собирале колку што им требало. Подоцна, кога сонцето ќе почнело да пече, преостанатата мана се топела.

Мојсеј, исто така рекол: 'Никој не треба да чува од маната за следниот ден‘. Но некои не го послушале. Знаеш ли што се случило? Следното утро, маната што ја зачувале била полна со црви и почнала да смрди.

Меѓутоа, за еден ден од седмицата Јехова му рекол на својот народ да собере двапати повеќе мана. Тоа бил шестиот ден. И Јехова им рекол да зачуваат од неа за следниот ден, бидејќи тој не пуштал да паѓа мана на седмиот ден. Кога ја чувале маната за седмиот ден, таа не црвосувала и не засмрдувала. Тоа било уште едно чудо.

Сите тие години додека Израелците биле во пустината, Јехова ги хранел со мана.

2. Мојсеева 16:1-36; 4. Мојсеева 11:7-9; Исус Навин 5:10-12.



Прашања

  • Што собираат од земја луѓето на сликата, и како се вика тоа?
  • Какви упатства им дал Мојсеј на луѓето за собирањето на маната?
  • Што им рекол Јехова на луѓето да направат на шестиот ден, и зошто?
  • Кое чудо го правел Јехова кога ја чувале маната за седмиот ден?
  • Колку долго Јехова го хранел народот со мана?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 2. Мојсеева 16:1-36 и 4. Мојсеева 11:7-9.

    Што покажува 2. Мојсеева 16:8 во врска со почитта која треба да ја покажуваме кон оние што имаат одговорности во христијанското собрание? (Евр. 13:17).

    Како биле Израелците секој ден потсетувани во пустината дека зависат од Јехова? (2. Мој. 16:14-16, 35; 5. Мој. 8:2, 3).

    Кое симболично значење ѝ го дал Исус на маната, и како ни користи и нам тој 'леб од небото‘? (Јован 6:31-35, 40).

  • Прочитај Исус Навин 5:10-12.

    Колку години Израелците јаделе мана, на кој начин тоа било испит за нив, и што можеме да научиме од овој извештај? (2. Мој. 16:35; 4. Мој. 11:4-6; 1. Кор. 10:10, 11).