Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 31: Мојсеј и Арон одат кај фараонот

Приказна 31: Мојсеј и Арон одат кај фараонот

КОГА се вратил во Египет, Мојсеј му кажал на својот брат Арон сѐ за чудата. А кога Мојсеј и Арон им ги покажале овие чуда на Израелците, сиот народ поверувал дека Јехова е со нив.

Потоа Мојсеј и Арон отишле кај фараонот. Тие му рекле: 'Јехова, Богот на Израел, вели: "Пушти го мојот народ за три дена, за да ми оддаде чест во пустината!“‘ Но, фараонот им одговорил: 'Јас не верувам во Јехова. И нема да го пуштам Израел!‘

Фараонот бил лут поради тоа што народот сакал да биде ослободен од работа за да му оддаде чест на Јехова. Затоа ги присилил да работат уште повеќе. Израелците го обвинувале Мојсеј поради тоа што лошо се постапувало со нив, и Мојсеј бил тажен. Но Јехова му рекол да не се грижи. 'Јас ќе направам фараонот да го пушти мојот народ‘, рекол Јехова.

Мојсеј и Арон пред фараонот

Мојсеј и Арон повторно отишле кај фараонот. Овој пат направиле чудо. Арон го фрлил на земја својот стап, и тој станал голема змија. Арно ама и мудреците на фараонот фрлиле стапови, кои се претвориле во змии. Но, гледај! Змијата на Арон ги изела змиите на мудреците. Сепак, фараонот не сакал да ги пушти Израелците.

Така дошло времето Јехова да му одржи една лекција на фараонот. Знаеш ли како го направил тоа? Му нанел на Египет 10 неволји, односно големи несреќи.

По повеќето од тие неволји, фараонот го повикувал Мојсеј и му велел: 'Запри ја неволјата, па ќе го пуштам Израел‘. Но, кога неволјата ќе престанела, фараонот го менувал своето мислење, и не го пуштал народот. Но на крајот, по 10-тата неволја, фараонот сепак ги пуштил Израелците.

Ги знаеш ли сите тие 10 неволји? Сврти на следната страница, па ќе научиме нешто за нив.

2. Мојсеева 4:27-31; 5:1-23; 6:1-13, 26-30; 7:1-13.



Прашања

  • Како влијаеле врз Израелците чудата што ги направиле Мојсеј и Арон?
  • Што му рекле Мојсеј и Арон на фараонот, и што одговорил тој?
  • Што се случило кога Арон го фрлил својот стап, како што е прикажано на сликата?
  • Како Јехова му одржал лекција на фараонот, и како реагирал тој?
  • Што се случило по десеттата неволја?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 2. Мојсеева 4:27-31 и 5:1-23.

    Што мислел фараонот кога рекол: "Јас не го познавам тој Јехова“? (2. Мој. 5:2; 1. Сам. 2:12; Рим. 1:21).

  • Прочитај 2. Мојсеева 6:1-13, 26-30.

    Во која смисла Јехова не им се објавил на Авраам, Исак и Јаков? (2. Мој. 3:13, 14; 6:3; 1. Мој. 12:8).

    Какви чувства се раѓаат кај нас кога знаеме дека Јехова сепак го користел Мојсеј, и покрај тоа што Мојсеј сметал дека не е способен да ја изврши својата задача? (2. Мој. 6:12, 30; Лука 21:13-15).

  • Прочитај 2. Мојсеева 7:1-13.

    Каков пример им дале Мојсеј и Арон на Божјите слуги денес со тоа што храбро му ги пренеле на фараонот Јеховините осуди? (2. Мој. 7:2, 3, 6; Дела 4:29-31).

    Како Јехова ја покажал својата надмоќ над египетските богови? (2. Мој. 7:12; 1. Лет. 29:12).

Нешто повеќе

БИБЛИСКИ СТРИПОВИ

Бог го праќа Мојсеј во Египет

Зошто фараонот не ги послушал Мојсеј и Арон? Какви биле последиците поради тоа?