Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 18: Јаков оди во Харан

Приказна 18: Јаков оди во Харан

ЗНАЕШ ЛИ кои се овие луѓе со кои разговара Јаков? Откако патувал многу денови, Јаков ги сретнал на еден бунар. Тие ги чувале своите овци. Јаков ги прашал: 'Од каде сте?‘

'Од Харан‘ — рекле тие.

'Го познавате ли Лаван?‘ — ги прашал Јаков.

'Да, го познаваме‘ — му одговориле тие. 'Еве доаѓа ќерка му Рахела со овците!‘ Ја гледаш ли Рахела како се приближува?

Јаков се сретнува со Рахела

Кога ја видел Рахела со овците на вујко си Лаван, Јаков пришол, го отркалал каменот од отворот на бунарот за да можат овците да пијат. Тогаш Јаков ја бакнал Рахела и ѝ кажал кој е тој. Таа била многу возбудена, па отишла дома и му кажала на својот татко Лаван.

Лаван бил многу среќен што Јаков можел да остане кај него на гости. А кога Јаков ја побарал Рахела за жена, Лаван се израдувал. Но, очекувал Јаков да работи за Рахела седум години на неговиот имот. И бидејќи толку многу ја сакал Рахела, Јаков го сторил тоа. Но кога дошло времето за свадба, дали знаеш што се случило?

Лаван му ја дал на Јаков постарата ќерка Лија, наместо да му ја даде Рахела. Кога Јаков се согласил да му работи на Лаван уште седум години, Лаван му ја дал за жена и Рахела. Во тоа време, Бог им дозволувал на мажите да имаат повеќе од една жена. Но денес, како што покажува Библијата, мажот треба да има само една жена.

1. Мојсеева 29:1-30.



Прашања

  • Која е младата жена на сликата, и што направил Јаков за неа?
  • Што бил готов да направи Јаков за да се ожени со Рахела?
  • Што направил Лаван кога дошло времето Јаков да се ожени со Рахела?
  • Што се согласил Јаков да направи за да ја добие Рахела за своја жена?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 1. Мојсеева 29:1-30.

    И покрај тоа што Лаван го измамил, како покажал Јаков дека е чесен човек, и што можеме да научиме од тоа? (1. Мој. 25:27; 29:26-28; Мат. 5:37).

    Како покажува примерот на Јаков која е разликата меѓу љубовта и вљубеноста? (1. Мој. 29:18, 20, 30; Песна 8:6).

    Кои четири жени станале дел од семејството на Јаков и подоцна му родиле синови? (1. Мој. 29:23, 24, 28, 29).