Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 15: Жената на Лот се свртела назад

Приказна 15: Жената на Лот се свртела назад

ЛОТ и неговото семејство живееле заедно со Авраам во земјата Ханаан. Еден ден Авраам му рекол на Лот: 'Овде нема доволно место за сите наши животни. Ајде, те молам, да се одвоиме. Ако ти појдеш на една страна, јас ќе појдам на другата‘.

Лот ја погледнал земјата и видел еден многу убав предел каде што имало вода и изобилство добра трева за неговата стока. Тоа била Јорданската Долина. Затоа Лот ги преселил таму своето семејство и животните. На крајот се населиле во градот Содом.

Луѓето во Содом биле многу лоши. Тоа го вознемирувало Лот зашто бил добар човек. Тоа го вознемирувало и Бог. На крајот, Бог испратил два ангела за да го предупредат Лот дека тој ќе ги уништи Содом и соседниот град Гомор поради нивната лошотија.

Ангелите му рекле на Лот: 'Побрзај! Земи ги жената и двете ќерки и излезете оттука!‘ Но Лот и неговото семејство биле малку бавни. Затоа ангелите ги фатиле за рака и ги извеле надвор од градот. Тогаш еден од ангелите им рекол: 'Бегајте за да се спасите! Не свртувајте се назад! Бегајте во планините, за да не бидете убиени‘.

Лот и неговите ќерки го послушале, и избегале од Содом. Не застанале ниту за миг и не се свртеле назад. Но жена му на Лот била непослушна. Откако малку се оддалечиле од Содом, таа застанала и се свртела назад. И тогаш се претворила во столб од сол. Ја гледаш ли на сликата?

Од ова можеме да извлечеме добра поука. Тоа ни покажува дека Бог ги спасува оние што му се послушни, а оние што не го слушаат, ќе го изгубат својот живот.

1. Мојсеева 13:5-13; 18:20-33; 19:1-29; Лука 17:28-32; 2. Петрово 2:6-8.

Лот бега од Содом


Прашања

  • Зошто Авраам и Лот се одвоиле?
  • Зошто Лот избрал да живее во Содом?
  • Какви биле луѓето во Содом?
  • Кое предупредување му го дале двајцата ангели на Лот?
  • Зошто жената на Лот се претворила во столб од сол?
  • Каква поука можеме да извлечеме од случајот со жената на Лот?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 1. Мојсеева 13:5-13.

    Што учиме од Авраам во врска со решавањето на проблеми со луѓето? (1. Мој. 13:8, 9; Рим. 12:10; Фил. 2:3, 4).

  • Прочитај 1. Мојсеева 18:20-33.

    Како начинот на кој Јехова постапувал со Авраам нѐ уверува дека Јехова и Исус ќе судат праведно? (1. Мој. 18:25, 26; Мат. 25:31-33).

  • Прочитај 1. Мојсеева 19:1-29.

    Што покажува овој библиски извештај во врска со ставот на Бог кон хомосексуалноста? (1. Мој. 19:5, 13; 3. Мој. 20:13).

    Каква разлика гледаме во начинот на кој Лот и Авраам реагирале на упатствата што им ги дал Бог, и што можеме да научиме од тоа? (1. Мој. 19:15, 16, 19, 20; 22:3).

  • Прочитај Лука 17:28-32.

    Каков став кон материјалните работи имала во срцето жената на Лот, и на кој начин тоа служи како предупредување за нас? (Лука 12:15; 17:31, 32; Мат. 6:19-21, 25).

  • Прочитај 2. Петрово 2:6-8.

    Ако земеме пример од Лот, каков треба да биде нашиот став кон безбожниот свет околу нас? (Езек. 9:4; 1. Јов. 2:15-17).