Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 12: Луѓето градат голема кула

Приказна 12: Луѓето градат голема кула

ПОМИНАЛЕ многу години. Синовите на Ное имале многу деца. И нивните деца пораснале, па и тие имале деца. И така, по кратко време, имало многу луѓе на Земјата.

Еден од нив бил правнукот на Ное, кој се викал Нимрод. Тој бил лош човек кој ловел и убивал и животни и луѓе. Исто така, се поставил себеси за цар за да владее над другите луѓе. Бог не го сакал Нимрод.

Во тоа време, сите луѓе зборувале еден јазик. Нимрод сакал да ги задржи сите нив на едно место за да може да владее со нив. Знаеш ли што сторил? Им рекол на луѓето да изградат град и една голема кула во него. Погледни на сликата како правеле тули.

Јехова Бог не бил задоволен со оваа изградба. Тој сакал луѓето да се раселат и да живеат по целата Земја. Но, луѓето рекле: 'Ајде да изградиме град и кула толку висока што врвот ќе ѝ допира до небото. Тогаш ќе бидеме славни!‘ Луѓето сакале чест за себе, а не за Бог.

Затоа Бог ги спречил да ја изградат кулата. Дали знаеш како го сторил тоа? Така што наеднаш предизвикал тие да зборуваат на различни јазици, наместо само на еден. Градителите повеќе не можеле да се разберат еден со друг. Токму затоа нивниот град бил наречен Вавел, или Вавилон, што значи "збрка“.

Тогаш луѓето почнале да се иселуваат од Вавел. Групите што зборувале на ист јазик отишле да живеат заедно на други делови од Земјата.

1. Мојсеева 10:1, 8-10; 11:1-9.

Луѓето градат голема кула


Прашања

  • Кој бил Нимрод, и што мислел Бог за него?
  • Зошто луѓето на сликата прават тули?
  • Зошто Јехова не бил задоволен со таа изградба?
  • На кој начин Бог ја спречил изградбата на кулата?
  • Како бил наречен градот, и што значи тоа име?
  • Што се случило со луѓето откако Бог го збркал јазикот?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 1. Мојсеева 10:1, 8-10.

    Какви особини покажувал Нимрод, и кое предупредување за нас произлегува од тоа? (Изр. 3:31).

  • Прочитај 1. Мојсеева 11:1-9.

    Зошто луѓето ја граделе кулата, и зошто тој проект бил осуден на пропаст? (1. Мој. 11:4; Изр. 16:18; Јован 5:44).