Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 8: Џинови на земјата

Приказна 8: Џинови на земјата

КОГА некој би доаѓал кон тебе, а би бил висок до таванот во вашата куќа, што би помислил? Дека тоа е џин! Некогаш на Земјата навистина имало џинови. Библијата ни кажува дека нивни татковци биле ангели од небото. Но, како било можно тоа?

Лоши џинови

Сети се дека злиот ангел Сатана постојано правел нешто лошо. Тој дури се обидел да ги натера Божјите ангели да бидат лоши. Со текот на времето, некои од ангелите почнале да го слушаат Сатана. Престанале со работата што Бог им ја дал на небото и слегле на Земјата, па си направиле човечки тела. Дали знаеш зошто?

Библијата вели дека тоа било затоа што овие Божји синови ги виделе убавите жени на Земјата и сакале да живеат со нив. Така дошле на Земјата и се ожениле со тие жени. Библијата вели дека тоа било погрешно, бидејќи Бог ги создал ангелите за да живеат на небото.

Кога ангелите и нивните жени имале деца, децата биле поинакви. Отпрво можеби не изгледале многу поинаку. Но тие растеле сѐ повеќе, и станувале сѐ посилни, и на крајот станале џинови.

Тие џинови биле лоши. А бидејќи биле толку големи и силни, ги повредувале луѓето. Се обидувале да ги присилат сите луѓе да станат лоши како нив.

Енох умрел, но на Земјата имало еден човек што бил добар. Тој се викал Ное. Ное секогаш го правел она што Бог го барал од него.

Еден ден Бог му рекол на Ное дека дошло време Тој да ги уништи сите лоши луѓе. Но, Бог сакал да ги спаси Ное, неговото семејство и многу животни. Да видиме како Бог го направил тоа.

1. Мојсеева 6:1-8; Јуда 6.



Прашања

  • Што се случило кога некои Божји ангели го послушале Сатана?
  • Зошто некои ангели престанале со својата работа на небото и слегле на Земјата?
  • Зошто било погрешно ангелите да слезат на Земјата и да се преобразат во луѓе?
  • Што било поинакво кај децата на ангелите?
  • Што гледаш на сликата? Што правеле децата на ангелите кога станале џинови?
  • По Енох, кој добар човек живеел на Земјата, и зошто Бог го сакал него?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 1. Мојсеева 6:1-8.

    Што открива 1. Мојсеева 6:6 за начинот на кој нашето однесување влијае врз Јеховините чувства? (Пс. 78:40, 41; Изр. 27:11).

  • Прочитај Јуда 6.

    На кој начин ангелите што 'не ја задржале својата првобитна положба‘ во деновите на Ное ни служат како опомена нам денес? (1. Кор. 3:5-9; 2. Пет. 2:4, 9, 10).