Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 5: Започнува тежок живот

Приказна 5: Започнува тежок живот

НАДВОР од градината Еден, Адам и Ева имале многу маки. Морале тешко да работат за својата храна. Наместо убави овошки, гледале како наоколу растат многу трње и троскот. Ете што се случило кога Адам и Ева не го послушале Бог и престанале да му бидат пријатели.

Адам напорно работи со својот син

Што е уште полошо, Адам и Ева почнале да умираат. Сети се, Бог ги предупредил дека ќе умрат ако јадат плод од едно одредено дрво. Затоа, на истиот ден кога каснале од него, почнале да умираат. Колку неразумни биле што не го послушале Бог!

Адам и Ева имале деца откако Бог ги истерал од градината Еден. Ова значи дека и децата морале да остареат и да умрат.

Камо Адам и Ева да го послушале Јехова! Ќе живееле среќно и тие и нивните деца. Сите тие можеле засекогаш да живеат на Земјата. Никој не би морал да остари, да се разболи и да умре.

Бог сака луѓето да живеат вечно и среќно, и ветува дека еден ден ќе се случи тоа. Не само што целата Земја ќе биде прекрасна туку и сите луѓе ќе бидат здрави. И секој ќе биде добар пријател со секого, а и со Бог.

Ева со своите деца

Но Ева повеќе не му била пријател на Бог. Затоа, кога раѓала деца, не ѝ било лесно. Имала болки. Поради тоа што не му била послушна на Јехова, таа сигурно честопати била тажна, нели?

Адам и Ева имале многу синови и ќерки. Кога им се родил првиот син, му го дале името Каин. На вториот син му го дале името Авел. Што се случило со нив? Дали знаеш?

1. Мојсеева 3:16-23; 4:1, 2; Откровение 21:3, 4.



Прашања

  • Каков бил животот за Адам и Ева надвор од градината Еден?
  • Што почнало да им се случува на Адам и Ева, и зошто?
  • Зошто морало децата на Адам и Ева да остареат и да умрат?
  • Каков би бил животот за Адам и Ева и за нивните деца ако Адам и Ева го послушале Јехова?
  • Какви болки имала Ева поради својата непослушност?
  • Како се викале првите два сина на Адам и Ева?
  • Кои се другите деца на сликата?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 1. Мојсеева 3:16-23 и 4:1, 2.

    Како влијаело врз животот на Адам проклетството што било изречено над земјата? (1. Мој. 3:17-19; Рим. 8:20, 22).

    Зошто на Ева ѝ одговара нејзиното име, кое значи "жива“? (1. Мој. 3:20).

    Како Јехова обрнал внимание на потребите на Адам и Ева дури и откако направиле грев? (1. Мој. 3:7, 21).

  • Прочитај Откровение 21:3, 4.

    Кои работи 'што биле порано‘ едвај чекаш да бидат отстранети?